Наша лична карта
Digital Media Creative Pro е тим на професионалци со повеќе од 140 годишно професионално искуство и реализација широка палета на услуги: креирање и менаџирање на електронски медиуми, новинарство, маркетинг на социјални мрежи, емаил маркетинг, е-продажба, веб и видео и аудио продукција, програмирање, развој на AI апликации, компјутерски мрежни системи. Во изминатите децении активно помагаме во процесот на дигитализација на мали и средни бизниси преку имплементација на ERP, CRM и DMS алатки, како и воспоставување и стандардизација на менаџмент системи според ISO 9001 стандарди.
Горан Димитровски
Горан Димитровски е основач и креативен директор на Digital Media Creative Pro, со над 20 години искуство во дигиталниот маркетинг и визуелните комуникации. Неговиот талент за креирање иновативни стратегии и креативни решенија го прави еден од најпочитуваните професионалци во индустријата. Горан е познат по својата способност да разбере потребите на клиентите и да ги претвори нивните визии во успешни дигитални кампањи. Неговата страст за технологија и креативност инспирира тимот и ги води проектите кон успех.
Горан е специјалист за дигитален маркетинг и продажба, проектен менаџмент, дигитализација на процеси во мали и средни компании.
Влатко Митов
Влатко Митов е ко-основач и технички директор на Digital Media Creative Pro. Со своето богато искуство во дигитални медиуми и управување со проекти, Влатко игра клучна улога во воспоставување на технологии и иновации за нашите клиенти.
Еден е од основачите на првата македонска екстранет мрежа и компјутерското списание „PlugIn” (1997), член на здружението „Здружение за развој на информатичката култура”, пишува текстови за неколку компјутерски и еколошки списанија, во неделникот „Капитал” излегувале негови написи на темата “Интернет и како да се заработи на него”, веб мастер е на повеќе веб страници. Како член на Еколошкиот Прес Центар, работеше на создавање на Регионална новинарска мрежа на Интернет и на повеќе други проекти. Активно учествувал во осмислувањето и реализацијата на идејниот концепт за списанието “An outlook of New Zealand and Australia”, успешно реализира неколку рекламно-продажни стратегии и имплементира повеќе нови маркетиншки техники.
Влатко е специјалист за интернет мрежи, веб дизајн, компјутерски мрежни системи и електронска трговија.
Љупчо Димитровски
Љупчо Димитровски е професионален новинар радио и тв новинар со преку 40 години искуство како автор, водител, уредник и генерален уредник, во МРТВ (уредник на редакција за култура и уметност, на редакција за забавно-рекреативна програма, главен и одговорен уредник на Втората програма на Македонското радио – радио 2), ТВ „Алфа“, како и во Радио Гром (генерален менаџер, сопственик и новинар). Има напишано студија (објавена на Интернет) „Аспекти на модерното радио – радио на современата модерност“, што е сублимат на практично искуство, согледби и сознанија од областа на теоријата на информацијата и теориите на комуникологијата, потоа филозофијата, естетиката, психологијата, социологијата, антропологијата и маркетингот. Автор е на првиот професионален новинарски блог, писател на повеќе од 100 свои книги (роман, проза, поезија) издадени на интернет. Го создаде и веб проталот www.panoptikum.mk што е продолжение на неговата кулнта радио емисија „Паноптикум“.
Љупчо е специјалист за електронски медиуми, комуникација и новинарство.
Срџан Костенаров
Срџан Костенаров е софтверски инжењер во C++, тој носи обилна експертиза и преданост во секој проект на кој работи. Токму преку неговата кариера, тој секогаш одлучувал во развојот на софтверските проекти, доставувајќи здрави и надежни решенија кои го издржуваат времето. Како фриленсер, имаше можност да работи на разновидни проекти, од мрежни апликации до мулти-процесни системи и десктоп апликации. Во прилог на тоа, има значително искуство во областа на вештачката интелигенција (AI). Го сака предизвикот за надминување на границите на софтверскиот развој, постојано стремејќи кон перфекција во пишувањето код и посветеност на деталите.
Неговата широка експертитиза и длабоко разбирање на C++ и неговиот екосистем, му овозможуваат да се справи со комплексни проблеми со прецизност и ефикасност.
Во подготовка е и нашиот најнов проект „Клик Радио“
Прво и единствено, вистинско Интернет-радио во Македонија. Радио што ќе зрачи и ќе се емитува исклучително само на Интернет. На „Клик Радио“ ќе слушнете:
- Забава – информација – интерактивна комуникација
- Станица со 24-часовна информативно – едукативно – забавна програма
Програма втемелена на врвно пофесионално повеќедецениско новинарско радио-искуство (врвно водителство и творечко-новинарски ангажман), со секојдневно деноноќно „дежурство” пред микрофон (немерливо и во светски рамки). Практична реализација на стручно познавање на радиото на современата модерност.