Заедно го разработуваме вашето барање
Секој бизнис носи свои специфики за комуникација со купувачите и промоција која создава нова продажна вредност. Ги слушаме вашите потреби и создаваме дигитални креативни решенија за успех.
Секој бизнис носи свои специфики за комуникација со купувачите и промоција која создава нова продажна вредност. Ги слушаме вашите потреби и создаваме дигитални креативни решенија за успех.
Бизнис релациите со клиентите ги градиме со искреност, посветеност и доверба. Креираме долгорочна соработка базирана на мерливи резултати. Бенефитот за нашите лојални клиенти е наш приоритет.
Секоја наша сработена акција е мерлива. Мериме и подобруваме, така создаваме резултат, заедно анализираме и заедно преземаме подобрувања насочени кон остварување на успех.
Сакаме да ги дознаеме плановите и очекувањата, за да создадеме вистинска стратегија со акции кои ќе донесат резултат. Прашуваме, разговараме, дознаваме. Слушате и послушувате. Заедно креираме план за 3-6-9 месеци со мерливи точки. Долгорочна соработка со доверба е наш врвен приоритет.
Лендинг страница за Astibo Basic – униформи, изработена како дел од таргетирана продажна кампања на социјални медиуми. Страната е креирана со јасна цел – генерирање на побарувања и директни нарачки преку прецизно структуриран продажен фунел.
Дизајнот е фокусиран на конверзија, со јасни повици за акција, истакнати бенефити и брза комуникација со клиентите. Лендинг страницата е развиена во WordPress, оптимизирана за мобилни уреди и поврзана со Meta кампањи за максимална ефикасност.
Извршени активности:
Страницата претставува директна дигитална алатка за зголемување на продажбата и јакнење на бренд присуството на Astibo Basic во сегментот на работни униформи.


Веб платформа Panoptikum.mk – авторски дигитален простор за есеи, анализи и размислувања за општеството, психологијата на секојдневието, јазикот, идеите и културата. Едукација, забава, информација. Препознатлив радио бренд во веб формат, со јасна уредувачка насока и препознатлив стил.
Во рамки на изработката беше развиен минималистички и префинет дизајн, кој ја става содржината во прв план. Структурата е внимателно поставена за да овозможи логична категоризација по „пилари“, лесна навигација и длабоко читање без дистракции.
Платформата е изградена во WordPress+Woocommerce, со целосно прилагоден CMS систем за едноставно управување со обемна авторска содржина, SEO структура и интерно поврзување на текстовите. Вклучени се сопствени функции испрограмини за порталот.
Извршени активности:
Култна македонска радио емисија „Паноптикум“ – комплетно авторско дело на еден од доајените на македонското радио – новинарство Љупчо Димитровски, реализирана на Втората програма на Македонското радио во 90-тите години на 20-от век (првата емисија е реализирана на 05.05.1989.), продолжена како 18-часовна програма на ЕВЕРГРИН ГРОМ РАДИО, под наслов РАДИО ГРОМ (2006.).


Маркетинг на социјални медиуми за Dolce.mk – стратешко позиционирање и континуирана комуникација на брендот преку Facebook и Instagram, со јасна цел: зголемување на продажбата, раст на заедницата и јакнење на препознатливоста на брендот во сегментот на слаткарска опрема и декорации.
Комуникацијата е креирана со визуелно атрактивни објави, креативни кампањи и директни повици за акција, прилагодени на сезонски трендови (празници, тематски торти, специјални колекции). Секоја објава е дел од поширока стратегија – од органски раст до платени Meta кампањи со прецизно таргетирање.
Извршени активности:
Преку конзистентна и професионално водена комуникација, Dolce.mk гради силна онлајн заедница и стабилен раст на продажбата, позиционирајќи се како водечки бренд во својата индустрија.

Abilitist.org е првиот регионален онлајн маркетплејс посветен на луѓето со попреченост, нивните таленти, производи и услуги. Платформата има јасна мисија – да создаде еднакви можности и економска независност за лица со различни способности низ целиот Балкан.
Изработена е со современ и инклузивен дизајн, целосно прилагоден на UX и WCAG стандарди за пристапност. Платформата е развиена во WordPress + WooCommerce, со можност за креирање профили, продажба на производи, комуникација и донации.
Извршени активности:
Abilitist.org не е само веб страница – тоа е движење што поврзува, охрабрува и создава можности, носејќи вистинска дигитална инклузија во регионот.


За салонот за мебел Алекс Дизајн направивме преработка-изработка на модерна и интуитивна е-продавница која ги претставува производите на естетски прецизен и комерцијално функционален начин. Проектот беше насочен кон создавање платформа што нуди одлично корисничко искуство – со лесна навигација, подобрена категоризација и детална претстава за секој производ преку квалитетни фотографии и проширен опис.
Нашиот тим имплементираше уникатен (оригинален) дизајн кој ја следи визуелната естетика на брендот и ја нагласува единственоста на понудата. Страницата е изработена во WordPress CMS со WooCommerce, овозможувајќи целосна е-продажба – од прелистување, до нарачка и контакт. Вклучени се и дополнителни функционалности како филтрирање. мејлирање, итн.
Покрај тоа, веб-страницата е целосно SEO оптимизирана и прилагодена за мобилни уреди, со фокус на побрзо вчитување и зголемување на органскиот сообраќај. Алекс Дизајн доби е-продавница која не само што продава, туку и го зајакнува имиџот на брендот на пазарот на мебел во Македонија.


Веб страница на Laundry.mk – современ сервис за перење, сушење и пеглање облека со професионален пристап и брза услуга. Проектот опфати целосен процес на изработка на веб страница, од иницијален концепт и визуелен идентитет до развој и техничка имплементација.
Со клиентот беше развиен свеж и минималистички дизајн, кој ја одразува чистотата и ефикасноста на брендот. Веб страницата е изработена во WordPress + Woocommerce, со лесен систем за управување со содржина, прилагодена за сите типови уреди и оптимизирана за брзо вчитување.
Извршени активности:
Laundry.mk претставува модерна и професионална онлајн платформа, создадена за лесна комуникација со клиентите и едноставно закажување на услуги, со јасна структура и визуелен идентитет кој асоцира на свежина, доверба и грижа.


Креираме вредност и реализираме заеднички цели повеќе од 26 години.
Digital Media Creative Pro реализираше целосна преработка и надградба нашата е-продавница, со јасна цел – создавање платформа што ќе биде истовремено естетски прецизна и комерцијално функционална. Заедно креиравме нов уникатен визуелен концепт, подобрена архитектура на категории. Дополнително, страницата е технички оптимизирана за брзина, мобилни уреди и органски сообраќај, со интегрирани филтри, автоматизирана комуникација и SEO структура што овозможува подобра позиционираност на пребарувачите.
Алекс Дизајн доби повеќе од веб продавница – доби дигитална продажна алатка која активно го гради брендот и ја зголемува видливоста на пазарот на мебел.
Digital Media Creative Pro ни изработи лендинг страница која директно носи нарачки. Структурата на продажниот фунел, јасните повици за акција и интеграцијата со Meta кампањи направија вистинска разлика во бројот на побарувања. Професионалност, стратегија и резултат – токму тоа што ни требаше. Во исто време, направија преработка на нашата веб страница со целосна SEO оптимизација и подобрување.
Ни ја преработија и цела веб страна, со значително подобрување во перформансите и функциите.
Искрена препорака за старт на динамична и ефективна соработка.
Со Digital Media Creative Pro соработуваме од 2008 година. Од првичната Joomla платформа до денешна WordPress верзија со custom дизајн, тимот континуирано се грижи за нашите веб страници, техничкото одржување и дигиталниот развој. Партнерство засновано на доверба и долгорочна стабилност.
Соработката со Digital Media Creative Pro ни помогна првенствено да се зголеми нашиот онлајн идентитет.Со нивните сугестии,предлози, потполн ангажман и насоки добивме веб страна која во секој поглед ја поврзува нашата присутност на социјалните мрежи со продажбата преку веб.
Позитивните промени се случија онака како што беше и прогнозирано од нивна страна во согласност со нивното долгогодишно искуство.Сите работи кои беа договорени беа изработени строго професионално и во најкраток можен рок предвиден однапред. Придржувањето до договореното и исполнувањето максимално на истото е оособено позитивно и битно во работата денеска.
Професионалност, креативност и техничка стручност. Со еден збор ЕСНАФИ.
Digital Media Creative Pro ни изработи модерна и функционална веб страница, е-продавница, што совршено го одразува нашиот бренд – чистота, брзина и професионалност. Решението ни овозможува лесна комуникација со клиентите и едноставно управување со содржина и оналјн подажба. Резултатот е платформа што изгледа одлично и работи уште подобро.
Работата со Digital Media Creative Pro беше исклучително професионална и ефикасна. Тимот целосно ја разбра нашата визија и потреба и ни помогна да ја реализираме преку модерен, функционален и визуелно атрактивен веб-дизајн. Со нивната експертиза и внимание на детали, добивме веб-страница која ги задоволува нашите потреби и остава одличен впечаток кај нашите клиенти. Благодарни сме за соработката и препорачуваме на секој што бара квалитет и креативност.
Со тимот на Digital Media Creative Pro, направивме редефинирање на нашиот онлајн идентитет. Така, ‘Лице в лице’ доби вистински партнер со кој освен работа, дели и вредности! Тимот успеа да ја преточи нашата мисија во модерна, функционална веб платформа која го рефлектира духот на ’Лице в лице‘. Благодарение на нивната професионалност, креативност и техничка стручност, сега имаме платформа која ни овозможува да допреме до поголема заедница со која создаваме позитивни промени. Огромна благодарност за извонредниот труд и посветеност!
Digital Media Creative Pro ни изработи современа веб страница со јасен и чист дизајн, прилагоден на потребите на нашето здружение, со лесно управување со содржините. Целиот процес беше професионален и посветен. Благодарение на нив, денес имаме достапна и функционална онлајн платформа.
Digital Media Creative Pro го трансформираа нашиот продажен концепт во професионална и современа веб-продавница која совршено ги исполнува потребите на нашите клиенти. Тимот беше брз, креативен и посветен на секој детаљ, од визуелниот дизајн до функционалноста. Gajba.mk сега е платформа која нуди беспрекорно корисничко искуство и го зголеми нашиот онлајн продажен капацитет. Голема благодарност за нивната експертиза и професионализам!
Соработката со Digital Media Creative Pro беше одлично искуство. Добивме креативна и привлечна веб страна со одлична стартна SEO оптимизација, што ни беше главен приоритет. Секогаш ќе ги препорачуваме на сите со потреби како нашите.