Портфолио

// Наши проекти - веб дизајн

Астибо

Лендинг страница за Astibo Basic – униформи, изработена како дел од таргетирана продажна кампања на социјални медиуми. Страната е креирана со јасна цел – генерирање на побарувања и директни нарачки преку прецизно структуриран продажен фунел.

Дизајнот е фокусиран на конверзија, со јасни повици за акција, истакнати бенефити и брза комуникација со клиентите. Лендинг страницата е развиена во WordPress, оптимизирана за мобилни уреди и поврзана со Meta кампањи за максимална ефикасност.

Извршени активности:

  • Стратегија и структура на продажен фунел
  • Дизајн ориентиран кон конверзија
  • Техничка реализација и оптимизација

Страницата претставува директна дигитална алатка за зголемување на продажбата и јакнење на бренд присуството на Astibo Basic во сегментот на работни униформи. 

Види веб страна

Abilitist.org - marketplace

Abilitist.org е првиот регионален онлајн маркетплејс посветен на луѓето со попреченост, нивните таленти, производи и услуги. Платформата има јасна мисија – да создаде еднакви можности и економска независност за лица со различни способности низ целиот Балкан.

Изработена е со современ и инклузивен дизајн, целосно прилагоден на UX и WCAG стандарди за пристапност. Платформата е развиена во WordPress + WooCommerce, со можност за креирање профили, продажба на производи, комуникација и донации.

Извршени активности:

  • Концепт, стратегија и дизајн
  • Развој и прилагодување на WordPress систем
  • SEO оптимизација и подготовка на содржина

Abilitist.org не е само веб страница – тоа е движење што поврзува, охрабрува и создава можности, носејќи вистинска дигитална инклузија во регионот.

Види веб страна

Алутек-Хартек

Веб страна за македонската производствена и изозна компанија Алутек-Хартек. Создадовме современа, функционална и визуелно впечатлива веб-страница која целосно ги одразува нивните вредности и експертиза во производството на алуминиумски системи. Проектот вклучуваше детално планирање на структурата, оптимизација за корисничко искуство и дизајн кој го истакнува нивниот професионализам и висококвалитетни услуги. Со интеграција на јасна навигација и привлечни визуелни елементи, веб-страницата е создадена за да ги задоволи потребите на нивните клиенти и да го зголеми онлајн присуството на брендот. Со поставениот каталог на производи и додадениот систем за „Барање за понуда“, овозможивме брза комуникација и потенцијал за поголема продажба.

  • Изработка на стратегија за дигитален маркетинг и продажба
  • Уникатен веб дизајн за Wordpress
Конфигурација, прилагодување и одржување на Wordpress CMS. 
Види веб страна

Law Office Aleksovski

Веб страна за адвокатската канцеларија АЛЕКСОВОСКИ. Изработивме коплетено ре-брендиање на нивната стара веб страна. Во соработка со клиентот и специфицичните барања, изработивме уникатен дизајн за Wordpress. 

  • Изработка на брендинг и содржина (текст, графики, видеа)
  • Уникатен веб дизајн за Wordpress
Конфигурација, прилагодување и одржување на Wordpress CMS. Вклучени се додатоци (plugins) за максимална оптимизација, брзина и SEO. Веб страната е хостирана на сопствен хостинг.
Види веб страна

Веб страница на култната македонска радио емисија „Паноптикум“

Култна македонска радио емисија „Паноптикум“ – комплетно авторско дело на еден од доајените на македонското радио – новинарство Љупчо Димитровски, реализирана на Втората програма на Македонското радио во 90-тите години на 20-от век (првата емисија е реализирана на 05.05.1989.), продолжена како 18-часовна програма на ЕВЕРГРИН ГРОМ РАДИО, под наслов РАДИО ГРОМ (до 1996-та).

Конфигурација и прилагодување на Wordpress CMS: Веб страната е изработена во Wordpress, при што се користени додатоци (plugins) кои се избрани од страна на клиентот.
Види веб страна

Портал со продавница за
Лице в лице

За платформата licevlice.mk, создадовме иновативна и кориснички ориентирана веб-страница која совршено ги претставува вредностите и мисијата на проектот. Фокусот беше насочен кон развивање на интуитивна структура што овозможува лесна навигација, прилагодена на потребите на корисниците и поддржувачите. Со уникатен дизајн што ги рефлектира креативноста и посветеноста на „Лице в лице“, страницата е оптимизирана за брзо пребарување, зголемена интерактивност и подобрено корисничко искуство.

Проектот го зајакна онлајн присуството на платформата, овозможувајќи ѝ да допре до поширока публика и да го засили својот позитивен општествен импакт.

Конфигурација, прилагодување и одржување на Wordpress CMS. Вклучени се додатоци (plugins) за максимална оптимизација, брзина и SEO. Веб страната е хостирана на сопствен хостинг.
Види веб страна

Прималек

Веб страница за Аптека Прималек – преработка и доработка на едноставна веб презентација со цел јасно претставување на брендот и дневно ажурирање на ценовникот на производот. 

Страната е изработена во WordPress.

Извршени активности:

  • Техничка реализација во WordPress
  • Додадена функционланост за дневно ажурирање на ценовник
  • SEO основна оптимизација и мобилна адаптација
Конфигурација, прилагодување и одржување на Wordpress CMS. Вклучени се додатоци (plugins) за максимална оптимизација, брзина и SEO. Веб страната е хостирана на сопствен хостинг за кој се грижи нашиот тим.
Види веб страна

Zerogravity

Корпоративен сајт на параглајдинг клубот ZEROGRAVITY. Изработивме коплетен брендинг и содржина (текст, графики, видеа). Во соработка со клиентот и специфицичните барања, изработивме уникатен дизајн за Wordpress. 

  • Изработка на брендинг и содржина (текст, графики, видеа)
  • Уникатен веб дизајн за Wordpress
  • Соработката вклучува и маркетинг на социјални мрежи (FB, Insta)
Конфигурација, прилагодување и одржување на Wordpress CMS. Вклучени се додатоци (plugins) за максимална оптимизација, брзина и SEO. Веб страната е хостирана на сопствен хостинг за кој се грижи нашиот тим.
Види веб страна

Slabeenje.mk - DoTheChange

За Slabeenje.mk изработивме информативна и мотивациска веб-страница посветена на здрава исхрана, слабеење и подобрување на животниот стил.

Страницата е визуелно привлечна, со јасна структура, пријателска навигација и интегрирана можност за пријавување во програми за трансформација, како и онлајн продажба на членски пакети.

Користевме WordPress CMS со WooCommerce и додаток за членство, персонализиран дизајн и SEO оптимизација, со цел да ја зголемиме видливоста и да поттикнеме активно учество и доверба кај посетителите.

Конфигурација, прилагодување и одржување на Wordpress CMS. 
Види веб страна

Веб страница за Здружение на пензионери - Центар, Скопје

Веб страница на Здружение на пензионери на Општина Центар – Скопје. Проектот опфати целосен процес на планирање, дизајн и реализација на современа веб платформа која го претставува здружението, неговите активности и услуги.

Во соработка со клиентот беше развиен уникатен и чист дизајн со фокус на корисничко искуство и лесна навигација. Веб страницата е изработена во WordPress CMS, со посебно прилагодување според потребите на здружението, што овозможува едноставно управување со содржини и објави.

Извршени активности:

  • Изработка на визуелен и графички дизајн
  • Подготовка и оптимизација на содржина
  • Техничка реализација и адаптација во WordPress

Дизајнот е минималистички, професионален и достапен на сите уреди, со акцент на јасна комуникација и доверба.

Ажурирање на содржина на веб страната и SEO, техничко одржување, администрација на хостинг.
Види веб страна

Источен плански регион (ЦРИПР)

Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР) е формиран согласно Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2008 година. Од мај 2008 па се до денес, нашиот тим се грижи за оваа веб страница. На почетокот ја изградивме на Joomla, а денес е Wordpress со custom дизајн.

  • Изработка на корпоративен брендинг
  • Техничко одржување
  • Консалтинг за дигитален маркетинг
Ажурирање на содржина на веб страната и SEO, техничко одржување, администрација на хостинг.
Види веб страна

Изработка на веб страна за POPs

Веб страна на Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи. Изработен е коплетниот визуелен изглед на страната, како и содржината на истата. Во овој процес, взаемно работејќи со клиентот беше подготвен уникатен дизајн на веб страната и беше прилагоден за Wordpress апликацијата. Значи во позадина се работи за Wordpress CMS, кој е специјално прилагоден на барањата на клиентот.

  • Изработка на графички дизајн
  • Подготовка на содржина
Конфигурација и прилагодување на Wordpress CMS: Веб страната е изработена во Wordpress, при што се користени додатоци (plugins) кои се избрани од страна на клиентот.
Види веб страна

Изработка на веб страна за Здружение Паблик

Официјална платформа на Здружение на граѓани Паблик, изработена со цел транспарентно претставување на мисијата, проектите и активностите на организацијата.

Проектот опфати целосен процес на структурирање на содржината, креирање на визуелен идентитет и техничка реализација, со акцент на јасна комуникација и доверба. Дизајнот е чист, информативен и функционален, овозможувајќи лесна навигација низ проектите, објавите и јавните информации.

Страната е изработена во WordPress CMS, со прилагодена архитектура за објавување на новости, извештаи и проектна документација, како и оптимизација за мобилни уреди и пребарувачи.

Извршени активности:

  • Концепт и структура на содржина
  • UI/UX и графички дизајн
  • Техничка имплементација во WordPress
  • Основна SEO оптимизација и безбедносни поставки

Public.org.mk претставува професионална дигитална платформа што овозможува јасна, транспарентна и достапна комуникација со јавноста и партнерите.

Конфигурација и прилагодување на Wordpress CMS: Веб страната е изработена во Wordpress, при што се користени додатоци (plugins) кои се избрани од страна на клиентот.
Види веб страна

Уште неколку веб страни од нашето портфолио кое содржи изработени повеќе од 800 веб страни, меѓу нив активни и неактивни, некои и преработени по нашата изработка.

www.aam.org.mk
www.amplus.com.mk
www.accountingacademy.mk
www.cafeform.mk
www.cik.com.mk
www.cira.org.mk
www.civicamobilitas.org.mk
www.donate.org.mk
www.ea.gov.mk
www.eastregion.mk
www.ergoland.com.mk
www.esnaf.com.mк

www.hikons.com.mk
www.hlevents.mk
www.iceird.org (2008, 2011)
www.ippo.gov.mk
www.italex.com.mk
www.komradrug.com.mk
www.kvf.org.mk
www.magmasistemi.com
www.master-plm.net
www.matstar.mk
www.metropola.com.mk
www.mojbiznis.mk
www.nikompower.com

www.ozoneunit.gov.mk
www.paracelsus.mk
www.planinskarosa.com.mk
www.porta3.com.mk
www.radomak.com.mk
www.rak.mk
www.rdc.mk
www.skopjeregion.gov.mk
www.smaragd.mk
www.socijalnopretprijatie.org.mk
www.stilkom-jogi.com.mk
www.timst.com.mk
www.uniparts.mk
www.vako.com.mk
www.vitamorfoza.mk

// Наши проекти - е-продажба

Laundry.mk

Веб дизајн, хостинг, ПОДДРШКА

Веб страница на Laundry.mk – современ сервис за перење, сушење и пеглање облека со професионален пристап и брза услуга. Проектот опфати целосен процес на изработка на веб страница, од иницијален концепт и визуелен идентитет до развој и техничка имплементација.

Со клиентот беше развиен свеж и минималистички дизајн, кој ја одразува чистотата и ефикасноста на брендот. Веб страницата е изработена во WordPress + Woocommerce, со лесен систем за управување со содржина, прилагодена за сите типови уреди и оптимизирана за брзо вчитување.

Извршени активности:

  • Изработка на визуелен и графички дизајн
  • Подготовка на содржина и фотографии
  • Развој и прилагодување на WordPress + Woocommerce
  • SEO оптимизација и интеграција со онлајн контакт форми

Laundry.mk претставува модерна и професионална онлајн платформа, создадена за лесна комуникација со клиентите и едноставно закажување на услуги, со јасна структура и визуелен идентитет кој асоцира на свежина, доверба и грижа.

Види веб страна

е-Продавница за Dolce Macedonia

Е-продавница на Dolce Macedonia – специјализирана за алатки, материјали и декорации за изработка на колачи, торти и слатки производи. Проектот опфати комплетен процес на изработка, од концепт и визуелен идентитет до финално пуштање во работа на е-продавницата, хостирање, одржување.

Во рамки на проектот беше изработен модерен и функционален оригинален дизајн, прилагоден за лесно прегледување и нарачка преку сите уреди. Веб страницата е развиена во WordPress + WooCommerce, со персонализирани решенија за категории, филтри и приказ на производи, со фокус на корисничко искуство и брзина на купување.

Извршени активности:

  • Изработка на визуелен и графички дизајн
  • Подготовка и оптимизација на текстуална и визуелна содржина
  • Развој на WooCommerce функционалности
  • SEO оптимизација и интеграција со социјални мрежи

Dolcemk.mk претставува совршен спој на модерен дизајн, практична функционалност и јасна комуникација со клиентите, создаден со цел да инспирира и олесни секој креативен момент во кујната.

Види веб страна

е-Продавница за Алекс Дизајн

За салонот за мебел Алекс Дизајн направивме преработка-изработка на модерна и интуитивна е-продавница која ги претставува производите на естетски прецизен и комерцијално функционален начин. Проектот беше насочен кон создавање платформа што нуди одлично корисничко искуство – со лесна навигација, подобрена категоризација и детална претстава за секој производ преку квалитетни фотографии и проширен опис.

Нашиот тим имплементираше уникатен (оригинален) дизајн кој ја следи визуелната естетика на брендот и ја нагласува единственоста на понудата. Страницата е изработена во WordPress CMS со WooCommerce, овозможувајќи целосна е-продажба – од прелистување, до нарачка и контакт. Вклучени се и дополнителни функционалности како филтрирање. мејлирање, итн.

Покрај тоа, веб-страницата е целосно SEO оптимизирана и прилагодена за мобилни уреди, со фокус на побрзо вчитување и зголемување на органскиот сообраќај. Алекс Дизајн доби е-продавница која не само што продава, туку и го зајакнува имиџот на брендот на пазарот на мебел во Македонија.

Види веб страна
Lumina Skin Solutions

е-Продавница за Lumina Skin Solutions

За Lumina.com.mk креиравме модерна и елегантна е-продавница специјализирана за производи за нега и подмладување на кожата. Веб-страницата е дизајнирана да им понуди на посетителите пријатно визуелно искуство, со фокус на јасна презентација на производите, функционална навигација и интуитивно корисничко патување – од запознавање со брендот до купување.

Изработена е на WordPress платформа со WooCommerce, со прилагоден дизајн, оригинални содржини, SEO оптимизација и мобилна адаптивност. Интегрирани се блог секција, клиентски препораки и тематски колекции за полесен избор на производи според потребите. Lumina доби дигитален канал кој ја нагласува вредноста на квалитетната нега и ја зајакнува довербата на клиентите во брендот.

Види веб страна

е-Продавница за gajba.mk

Е-продавница за алкохолни и безалкохолни пијалоци на локален маалски маркет Next Level.

  • Изграден на Wordpress WooCommerce
  • Прилагодена е готова тема со мануелна интеграција на лагер листа и цени со локален ERP
  • Обука за самостојно користење – менување содржини, синхронизација со локална дата база.
  • Интегрирана е автоматска сихронизација со Facebook marketplace.
Види веб страна

Блог и е-продавница WellnessMK.com

Изработка на Wordpress блог и е-продавница WooCommerce за независен член на Herbalife.

  • Custоm дизајн на сите страници
  • SEO оптимизација
  • Хостирање и течничко уредување
Види веб страна

е-Продавница за AquaExpert

За AquaExpert.mk изработивме современа и лесна за користење е-продавница специјализирана за опрема за бањи.

Со фокус на функционалност, брза навигација и прегледна категоризација, веб-страницата овозможува клиентите брзо да го најдат потребниот производ – од чешми и тушеви до целосна бањарска опрема. Дизајнот е прилагоден на брендот, платформата е изработена во WordPress со WooCommerce, и целосно е оптимизирана за мобилни уреди и пребарувачи.

Користен е уникатен систем за класификација на техничките карактеристики на производите.

Види веб страна

// Наши проекти - маркетинг на социјални мрежи

Dolce Macedonia

Маркетинг на социјални мрежи

Маркетинг на социјални медиуми за Dolce.mk – стратешко позиционирање и континуирана комуникација на брендот преку Facebook и Instagram, со јасна цел: зголемување на продажбата, раст на заедницата и јакнење на препознатливоста на брендот во сегментот на слаткарска опрема и декорации.

Комуникацијата е креирана со визуелно атрактивни објави, креативни кампањи и директни повици за акција, прилагодени на сезонски трендови (празници, тематски торти, специјални колекции). Секоја објава е дел од поширока стратегија – од органски раст до платени Meta кампањи со прецизно таргетирање.

Извршени активности:

  • Креирање месечна content стратегија
  • Дизајн на визуели и видео материјали
  • Пишување продажни и инспиративни текстови
  • Управување со Meta Ads кампањи
  • Анализа на перформанси и оптимизација

Преку конзистентна и професионално водена комуникација, Dolce.mk гради силна онлајн заедница и стабилен раст на продажбата, позиционирајќи се како водечки бренд во својата индустрија.

Фит маратон

Водење на профилите на Facebook, Instagram, Google Bsuiness profile.

  • Маркетинг стратегија и комуникациска програма.
  • Објави (copy, image, video) според неделен и месечен контент план во различни формат: поостови, story-ња, reels-ови.
  • Lead Generation кампањи.
Пакетот услуги вклучува и продажни разговори преку chat и телефонски разговори за промовираните услуги. Истите објави одат и на Viber канали.

Бролинс АД Скопје

Водење на профилите на Facebook, Instagram, Google Bsuiness profile.

  • Маркетинг стратегија и комуникациска програма.
  • Објави (copy, image, video) според неделен и месечен контент план во различни формат: поостви, story-ња, reels-ови.
  • Lead Generation кампањи.
Пакетот услуги вклучува и продажни разговори преку chat и телефонски разговори за промовираните услуги. Истите објави одат и на Viber канали.

ТЛТ

Водење на профилите на Facebook, Instagram, Google Bsuiness profile.

  • Маркетинг стратегија и комуникациска програма.
  • Објави (copy, image, video) според неделен и месечен контент план во различни формат: поостви, story-ња, reels-ови.
  • Lead Generation кампањи.
Пакетот услуги вклучува и продажни разговори преку chat и телефонски разговори за промовираните услуги. Истите објави одат и на Viber канали.

IPA Cross Border Cooperation Project

Facebook промоција за потребни тековни случувања во проектот.

  • Објави (copy, image) во формат на пост и story-ја.

Get Fit, Get Paid

Facebook промоција на „Health & wellness“ веб страна. Соработката трае од 2007-та до денес. Водење на профилите на Facebook, Instagram, Google Bsuiness profile.

  • Маркетинг стратегија и комуникациска програма.
  • Објави (copy, image, video) според неделен и месечен контент план во различни формат: поостови, story-ња, reels-ови.
  • Lead Generation кампањи со chat funnel-и.
  • Квизеви, giveaway-ови.
Пакетот услуги вклучува и продажни разговори преку chat и телефонски разговори за промовираните услуги. Истите објави одат и на Viber канали.

// Наши проекти - аудио продукција

„Паноптикум“ – аудио енциклопедија

Култна македонска радио емисија „Паноптикум“ – комплетно авторско дело на еден од доајените на македонското радио – новинарство Љупчо Димитровски, реализирана на Втората програма на Македонското радио во 90-тите години на 20-от век (првата емисија е реализирана на 05.05.1989.), продолжена како 18-часовна програма на ЕВЕРГРИН ГРОМ РАДИО, под наслов РАДИО ГРОМ (до 1996-та).
Општост на знаења за науките и уметноста воопшто, заоктружена, прегледна едукација; со жив збор, кој на непосреден или посреден начин ги ‘оживува’ знаењата и информациите; ‘жив’- ‘отворен’ збор= ги држи знаењата и информациите ‘отворени’ за нови, за нивно возобновување, богатење, ги одржува; трајност на аудио записот и негова употреба без просторни и временски ограничувања.

Аудио книги за мали и големи

  • Дедо Громче – Досие Х: КОЈ Е ДЕДО ГРОМЧЕ ? Еден дедо кој не бил, не е и не ќе е никој и ништо, ами секогаш бил, е, и ќе биде ем нешто ем сешто од нас, пред нас и во нас.
  • Vox populi: ‘VOX POPULI, VOX DEI’ – Силата, моќта на гласот на народот. Говорот на мудроста и искуството, низ векови, време и невреме; низ зраци и самраци, низ светлина и темнина.
  • Хуморалии – сатиралии
  • 1001 приказна – Езопови басни: Басни за деца, големи и мали.

Подготовка и изработка на радио емисии

Изработка на програми од јавен интерес – радио емисии: Лирско ехо (прв и втор циклус), Напластени векови, Музичка енцикопледија „Политоника“, Авантура на опстојот, Родопис-родослов, Ова не е топ листа, Професија менаџер, Јазикот е мојата татковина (прв и втор циклус), Духовен идентитет, Отворени страници, Е-бизнис, Биомедика, Библиофилија, Imagination, Однапред и одзади.

  • Радио дизајн: Комплетен радио дизајн за Радио Гром за период 1996 – 2005 г.: џинглови, реклами, тизери, фонови, шпици, прилози… Наскоро можност за преслушување на овој сајт на дел од изработеното.
  • Радио реклами: Изработени се голем број на рекламни радио спотови за различни клиенти. Наскоро можност за преслушување на овој сајт на дел од сработеното.

// Наши проекти - видео продукција

Изработка на видео записи, реклами и анимации

Основната цел на дигиталниот маркетинг е правилна комуникација со лојалните купувачи, привлекување на нови купувачи и одржување на препознатливост преку надградба на вредностите на брендот. При тоа видеото како медиум игра огромна улога. Бидете во тренд, создадете нови видео доживувања. Ние можеме да ви помогнеме во тој процес.

  • Видео продукција
  • Изработка на анимации и видео ефекти
  • Монтажа

Клиентите за нас

Алекс дизајн, салон за мебел

Digital Media Creative Pro реализираше целосна преработка и надградба нашата е-продавница, со јасна цел – создавање платформа што ќе биде истовремено естетски прецизна и комерцијално функционална. Заедно креиравме нов уникатен визуелен концепт, подобрена архитектура на категории. Дополнително, страницата е технички оптимизирана за брзина, мобилни уреди и органски сообраќај, со интегрирани филтри, автоматизирана комуникација и SEO структура што овозможува подобра позиционираност на пребарувачите.

Алекс Дизајн доби повеќе од веб продавница – доби дигитална продажна алатка која активно го гради брендот и ја зголемува видливоста на пазарот на мебел.

Александар
www.aleksdizajn.com.mk

Астибо Бејзик

Digital Media Creative Pro ни изработи лендинг страница која директно носи нарачки. Структурата на продажниот фунел, јасните повици за акција и интеграцијата со Meta кампањи направија вистинска разлика во бројот на побарувања. Професионалност, стратегија и резултат – токму тоа што ни требаше. Во исто време, направија преработка на нашата веб страница со целосна SEO оптимизација и подобрување.

Ни ја преработија и цела веб страна, со значително подобрување во перформансите и функциите.

Искрена препорака за старт на динамична и ефективна соработка.

Давид
www.astibobasic.com.mk

Центар за развој на источен плански регион

Со Digital Media Creative Pro соработуваме од 2008 година. Од првичната Joomla платформа до денешна WordPress верзија со custom дизајн, тимот континуирано се грижи за нашите веб страници, техничкото одржување и дигиталниот развој. Партнерство засновано на доверба и долгорочна стабилност.

Трајче
www.eastregion.mk

Dolce Macedonia

Соработката со Digital Media Creative Pro ни помогна првенствено да се зголеми нашиот онлајн идентитет.Со нивните сугестии,предлози, потполн ангажман и насоки добивме веб страна која во секој поглед ја поврзува нашата присутност на социјалните мрежи со продажбата преку веб.

Позитивните промени се случија онака како што беше и прогнозирано од нивна страна во согласност со нивното долгогодишно искуство.Сите работи кои беа договорени беа изработени строго професионално и во најкраток можен рок предвиден однапред. Придржувањето до договореното и исполнувањето максимално на истото е оособено позитивно и битно во работата денеска.

Професионалност, креативност и техничка стручност. Со еден збор ЕСНАФИ.

Анриета
www.dolcemk.mk

Eco Laundry House

Digital Media Creative Pro ни изработи модерна и функционална веб страница, е-продавница, што совршено го одразува нашиот бренд – чистота, брзина и професионалност. Решението ни овозможува лесна комуникација со клиентите и едноставно управување со содржина и оналјн подажба. Резултатот е платформа што изгледа одлично и работи уште подобро.

Елена
www.laundry.mk

Алутек-Хартек

Работата со Digital Media Creative Pro беше исклучително професионална и ефикасна. Тимот целосно ја разбра нашата визија и потреба и ни помогна да ја реализираме преку модерен, функционален и визуелно атрактивен веб-дизајн. Со нивната експертиза и внимание на детали, добивме веб-страница која ги задоволува нашите потреби и остава одличен впечаток кај нашите клиенти. Благодарни сме за соработката и препорачуваме на секој што бара квалитет и креативност.

Миле
www.alutekinc.com

Лице в лице / Паблик

Со тимот на Digital Media Creative Pro, направивме редефинирање на нашиот онлајн идентитет. Така, ‘Лице в лице’ доби вистински партнер со кој освен работа, дели и вредности! Тимот успеа да ја преточи нашата мисија во модерна, функционална веб платформа која го рефлектира духот на ’Лице в лице‘. Благодарение на нивната професионалност, креативност и техничка стручност, сега имаме платформа која ни овозможува да допреме до поголема заедница со која создаваме позитивни промени. Огромна благодарност за извонредниот труд и посветеност!

Маја
www.licevlice.mk

Здружение на пензионери на Општина Центар - Скопје

Digital Media Creative Pro ни изработи современа веб страница со јасен и чист дизајн, прилагоден на потребите на нашето здружение, со лесно управување со содржините. Целиот процес беше професионален и посветен. Благодарение на нив, денес имаме достапна и функционална онлајн платформа.

Злате
www.zpcentar-skopje.mk

Гајба.мк

Digital Media Creative Pro го трансформираа нашиот продажен концепт во професионална и современа веб-продавница која совршено ги исполнува потребите на нашите клиенти. Тимот беше брз, креативен и посветен на секој детаљ, од визуелниот дизајн до функционалноста. Gajba.mk сега е платформа која нуди беспрекорно корисничко искуство и го зголеми нашиот онлајн продажен капацитет. Голема благодарност за нивната експертиза и професионализам!

Спасе
www.gajba.mk

ZeroGravity

Соработката со Digital Media Creative Pro беше одлично искуство. Добивме креативна и привлечна веб страна со одлична стартна SEO оптимизација, што ни беше главен приоритет. Секогаш ќе ги препорачуваме на сите со потреби како нашите.

Љубе
www.zerogravity.mk

Закажете разговор со нас

за вашиот следен проект

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТНОСТА

Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни.