Во денешно време, не е доволно само да имате веб страна и профил на Facebook или Instagram за вашиот бизнис. Доколку не се внимателни, многу бизниси паѓаат во истата замка – инвестираат време и пари, а резултати – никаде! Ако сакате вашиот бренд да расте дигитално, мора да ги избегнете овие 5 чести грешки:
Веб страна без стратегија и цел
Повеќето бизниси прават веб страна само „за да ја имаат“. Но веб страната е вашата онлајн продавница, каталог и прва импресија – и мора да биде насочена кон конверзии! Без јасно дефинирана цел, посетителите заминуваат без да преземат акција.
Совет: Направете план – зошто постои вашата веб страна и што сакате корисникот да направи кога ќе ја посети!
Маркетинг на социјални мрежи без конзистентност
Бизнисите често објавуваат само кога „се има време“ или само кога имаат некоја акција. Социјалните мрежи бараат постојана комуникација, доследен тон и естетика.
Алгоритмите „казнуваат“ неактивност!
Совет: Планирајте неделно или месечно! Креирајте календар со објави и распоред.
Непрофесионален дизајн и слаба оптимизација на веб страната
Стара, нефункционална, бавна и неодржувана веб страна – сигурен начин клиентите да ја изгубат довербата во вашиот бренд.
Google ги рангира само оние страници што се брзи, сигурни и SEO пријателски.
Совет: Инвестирајте во професионален веб дизајн и редовно одржување. Брзината и безбедноста носат резултати!
Непознавање на таргет публика
„Сите ми се клиенти!“ е една од најголемите заблуди. Без точно познавање на вашата публика, и веб страната и маркетингот стануваат само фрлени пари.
Совет: Дефинирајте аватари на вашите идеални клиенти – што сакаат, каде се движат и како размислуваат.
Отсуство на јасен повик за акција (CTA)
Посетителите нема сами да „погодат“ што сакате од нив. Веб страната и постовите на социјалните мрежи мора да имаат јасен повик за акција: купи, закажи, контактирај, научи повеќе…
Совет: Не плашете се да барате од клиентите да направат следен чекор. Јасен и привлечен CTA секогаш носи резултат!
Наша препорака
Веб страната и маркетингот на социјалните мрежи се двете најважни алатки за вашиот дигитален успех. Но само кога се користат правилно, тие стануваат моќен двигател за раст и профит. Избегнете ги овие 5 грешки и следете како вашиот бренд расте, а клиентите сами доаѓаат кај вас!
Ако сакате веб страна што работи за вас и маркетинг стратегија што носи резултати –
контактирајте не! Ние сме вашиот партнер за дигитален успех!