Креативноста во акција: тимот на DMCreative.Pro ја обликуваше визуелната магија на првиот Ability Awards во Македонија

Започнувајќи од 1992 година, 03 декември се одбележува како ден на лицата со попреченост, со цел да се подигне свеста на заедницата, за правата на овие лица.

Институциите но и одредени поединци, се активно вклучени во работа со лицата со попреченост и секојдневно настојуваат да се подигне свеста за инклузивност на овие лица, кај работодавачите во Македонија.

Токму еден ваков настан, кој ги спои лицата со попреченост и македонските компании кои се вклучени во процесот на инклузија на овие лица, се одржа во Хотел Хилтон, Скопје, на 03.12.2024 година.

Настанот, кој е прв од ваков карактер, има за цел да ги охрабри компаниите, заедниците и поединците, да превземат активна улога во градење на поинклузивно општество, каде секој поединец има еднакви можности за успех и истакнување на своите вештини.

На настанот беа врачени награди на 10 поединци и 10 компании кои се залагаат за еднаквост и инклузија.

За награди, номинирани беа вкупно 40 поединци во 10 категории: култура и уметност, спортски достигнувања, работник во бизнис-сектор, работник со ИТ-вештини, лидерство, работник во јавна институција, награда за исклучително влијание на општествената свест, бизнис-иноватор, борец за човекови права, инклузивен иноватор.

Компаниите, пак, беа номинирани во следните категории: најдобро инклузивно работно место, иновации во пристапноста, влијание на заедницата, медиум без предрасуди, лидерство за различности, инклузивна маркетинг кампања, застапување и политика, инклузивна и асистивна технологија, претприемничка иницијатива и корпоративна социјална одговорност.

На настанот, свој незаменлив придонес даде и тимот на DMCreative.Pro, кој со својата посветеност и професионалност ја презеде улогата на техничка поддршка за реализација на овој значаен проект. Со својот остар поглед за деталите и неспоредлива способност за креативно изразување, го обликувавме сето она што го претставуваше визуелното искуство на настанот.

Од внимателното планирање и техничката подготовка, до маестралната изведба заедно со тимовите за светло, сценографија и телевизиска продукција, создадовме визуелна симфонија што не само што ги воодушеви присутните, туку ги поврза и оние кои го следеа настанот преку малите екрани на Македонската национална телевизија и на страниците и профилите на социјалните мрежи. Секоја прецизно поставена графика и секој визуелен елемент беа дел од вешта уметност, дизајнирана да ги претвори моментите во незаборавни спомени.

Членовите на нашиот тим, вклучени во реализација на овој настан, не само што се погрижија за техничките аспекти, туку ја оживеа и суштината на самиот настан преку визуелен јазик – јазик што зборува за емоции, приказни и инспирација. Техничката поддршка не беше само техничка, туку и креативна, трансформирајќи ја секоја идеја во слика што ќе остане врежана во сеќавањата на сите учесници.

Токму благодарение на нашата стручност и несебична посветеност, настанот блесна во своето најубаво светло, носејќи ја визуелната перцепција на едно сосема ново ниво.

Како тоа изгледаше, преку слики и видеа, погледнете во галеријата подолу.