Што повеќе го интересира секој бизнис – ефтино или бесплатно?

Логично, секој бизнис се стреми кон пониски трошоци за да го зголеми профитот. Со ефтино или бесплатно, помали трошоци, до повеќе пари во обрт, за повеќе можности за поголем профит. И најчесто маркетингот трпи, особено дигитален маркетинг, бидејќи е последно важен за најголем број микро и мали бизниси, кои имаат најголема потреба за продажба. Арно ама маркетингот не им е важен па затоа треба да е гратис, бесплатен, ефтин. Но дали ефтиниот или бесплатен маркетинг навистина носи резултати?

Без дигитален маркетинг, и бесплатен и ефтин да е, нема купувачи

Логично, без купувачи нема бизнис. И тогаш најчесто, бизнисите се зафаќаат за најефтиното. А тоа е најчесто бесплатното, па потоа ефтиното, и … И тука удираме сите на маркетинг на социјални мрежи. Социјалните мрежи се често првиот избор на бизнисите, бидејќи се гледаат како бесплатен канал за маркетинг. И бидејќи се „бесплатни“, „ефтини“ се, и одма има резултат. Но, дали навистина е така?

Одговорот е едноставен, а ќе јас ќе го проширам за да го разберете нашето рационално размислување како би донеле правилна маркетинг одлука за денес, за 6 месеци од денес, и понатаму, и да започнете соработка со нас, за заеднички долгорочен успех.

Маркетингот на социјалните мрежи не е бесплатен или ефтин

Креирањето содржина и управувањето со кампањи бараат време, труд и ресурси. Дури и малите трошоци можат брзо да прераснат во голема инвестиција без соодветен план. Нема ништо бесплатно, ефтино, па ни социјалните мрежи не се.

Единствено бесплатно и ефтино е содржината која ја крерираме сите ние – членовите на социјалните мрежи. Тоа е содржината која ја споделуваме на нашите профили и страници, па влегуваме во интеракција со нив, ги споделуваме и слично. Но и тоа не е бесплатно ниту ефитно: и за креирањето на содржината е потребен буџет.

Зошто дигитален маркетинг без стратегија може да биде многу скап

Дали е ефтин дигитален маркетинг на социјалните мрежи ?

Не, одговорот е едноставен: ефтино е да пробаш, но потребен е буџет за да создадеш основа за резултати кои ќе ги добива твојот бизнис постојано. И тука лежи замката: колкав буџет, месечно, неделно, дневно. Па потоа да се надградиме и со: потребно знаење за креација на содржина која ќе се пласира на одредена публика во одредено време на одредено место со одредени навики … А, да не заборавиме и дека е важно да се знае демографијата, а за тоа е потребно е и да се знае „кој е купецот на мојот производ / услуга“, а пак за тоа е потребно да се дефинира типичниот пример профил …

И ако продолжам, одговорот ќе биде троа комплициран, па ќе запрам тука. Едноставно, без стратегија за дигитален маркетинг, план за реализација и комунакциска програма, социјалните мрежи можат да бидат и те како многу скапи. Оставете тоа – ставив $5 на ден, 7 дена, и гледај што се случи, ми пишаа 38 луѓе, добив 50 лајкови и 100 коментари. Да, возбудливо е. Од лично искуство го тврдам тоа. Кога започнував со маркетинг на Facebook уште во 2007 г. кога се рекламиравме едвај 10 акаунти на ден на пазарот во Македонија, тоа беше бум. 500 нови фанови дневно, за $1 170 лидови во продажна инка, … Но и тогаш, а посебно денес, истото тоа може да биде само возбуда и загубено време, големи очекувања за продажба а мала реализација, по што ќе настапи разочарувањето и уверувањето од овој тип и сличните „Абе како и секој маркетинг, ако дадеш ќе добиеш, ама јас не добив баш многу па не трошам сега; ќе потрошам понатаму, ќе пробам пак. Ама не, не е тоа тоа. “

Поставување на Facebook кампања за $5 на ден може да изгледа како добра зделка, но без план, тоа може да донесе повеќе штета отколку корист. Како што секој бизнис треба да разбере, не е важно само да имате кампања – важно е таа кампања да биде правилно насочена и да носи конкретни резултати.

А што е тогаш ефтиното или бесплатното за секој бизнис ?

Во секој бизнис, најважно е да се увериме дека ефтиното не секогаш значи добра зделка. Ефтиниот дигитален маркетинг може да ве остави без резултати, и како што кажува старата поговорка, „сиромаијо два пати плаќа.“ – наместо да се фокусирате на најевтиното, важно е да инвестирате во дигитален маркетинг кој ќе ви донесе реална вредност.

Уште нешто да си расчистиме во дворот: бизнис подразбира проток на пари. Ефтино не постои. Постои ваков или онаков трошок за одредена вредност која ја купуваме за да задоволиме одредени потреби. Секогаш, но секогаш – цената е еднаква на вредноста. Висока цена подразбира висока вредност на пазарот, а ниска цена – ниска вредност на пазарот. И тоа е така. Факт.

Да, можеш да се исценкаш за попуст, за некаква бесплатна дополна за цената која ја плаќаш (плус услуга, плус производ, препорака за нов клиент и сл.) – добиваш како би се дополнило со нешто плус тоа што го плаќаш, но со ценкањето не ја намалуваш вредноста на тоа што го купуваш туку добиваш на лојалност и долгорочна релација со соработникот – продавачот на тоа што го купуваш.

Дали дигиталното присуство на твојот бизнис е ефтино и бесплатно ?

Не. Секоја маркетинг активност е инвестиција. А секоја инвестиција ја правиме за да додадеме вредност во бизнисот, со што ќе го надградиме како би дошле до повеќе купувачи, повеќе продажба, раст, профит. А дигиталното присуство е – маркетинг активност.

Можеби одговорот е и „да“. Може да е ефтино. Може и да е бесплатно. А тоа со други зборови значи „те има исто како да те нема“. Или, попрецизно – немаш маркетинг. Ако немаш маркетинг активност, немаш бизнис. И тоа е факт. И сето ова ставено во контекст на желбата на секој претприемач да од старт-ап или микро бизнис, прерасне во мал, среден, … Или подобро речено, од локален да прерасне во национален, регионален, па зошто да не и глобален… Се подразбира дека нема раст, без маркетинг.

И сега што е ефтино или бесплатно за секој бизнис ?

Ајде конкретно – околу дигиталното присуство. Ова е една од нашите специјалности, па во директни и конкретни препораки ќе укажеме како генерално оди градацијата на трошоците за твојот бизнис за да поставиш основно дигитално присуствои да одржуваш комуникација преку дигитален маркетинг во насока на раст на продажбата.

Дигитално е присутен твојот бизнис само и само ако:

  1. Ја воспоставиш твојата база на интернет – веб страна на твојот бизнис.
  2. Си на социјални мрежи – започнеш страници и профили на Facebook и Instagram, можеби и LinkedIn и TikTok, и Google Business.
  3. Редовно градиш содржина околу твојот бизнис, за производите и услугите, за секојдневието, за клиентите, за вработените, … Се околу твојата мисија.
  4. Редовно инвестираш во закуп на медија простор – реклами таму каде што си, со јасна цел, дорбро изградени кампањи со предвиливи очекувања

Сето ова погоре во една реченица значи – градиш заедница на клиенти околу својот бизнис. И во неа спаѓаат сите типови – постоечки, нови, изгубени, публика која те прати и ужива со твојот бизнис, конкуренција. И преку целото дигитално присуство, твојот бизнис комуницира со својата заедница – публика. Во некои поранешни периоди, кога не бевме дигитализирани како денес, постоеше интересна кованица „односи со јавност“ 🙂 Е, баш тоа – релации со пазарот е тоа што ти го овозможува дигиталното присуство.

Ајде збор два за сите 4 основни столба за дигитално присуство на бизнис

1. Веб страна e основната база за дигиталното присуство на твојот бизнис

Веб страната е централното место каде што клиентите ги откриваат производите и услугите на твојот бизнис. Таа треба да биде визуелно привлечна, лесна за навигација, и оптимизирана за пребарувачи (SEO) за да го зголеми органскиот сообраќај. Веб страна со професионален изглед со овозможена интеракција со публиката преку блогови, формулари за контакт, и интеграција со социјални мрежи, е токму таква која нашите клиенти ја добиваат во континуитет повеќе од 20 години. Веб страната е твојата дигитална „визит-карта“, која ја гради довербата и ја зајакнува репутацијата на твојот бизнис.

И кога се прашуваш каде да ја изградиш, сугерираме да ја избереш WordPress платформата. Имаме големо „зошто“ сме специјализирани за WordPress и без исклучок токму WordPress е нашата препорака. Ќе поразговараме повеќе на нашиот следен состанок, секако.

2. Социјални мрежи – твојот пат до клиентите

Социјалните мрежи се платформи каде што директно комуницираме со нашата целна публика. Тие нудат можност за интеракција во реално време, градење на бренд лојалност и зголемување на видливоста. Редовната активност на социјалните мрежи, преку релевантна содржина и целосно таргетирани кампањи, може значително да го зголеми бројот на клиенти и ангажманот. Со правилно избрани канали како Facebook, Instagram и LinkedIn, твојот бизнис може да расте, да се позиционира подобро на пазарот и да привлекува нови купувачи.

3. Содржина – клучот за ангажирање и продажба

Квалитетната содржина е основа на успешното дигитално присуство. Таа ти помага да комуницираш со својата целна публика, да споделуваш вредности и информации за твојот бизнис, и да градиш доверба. Креирањето на релевантни и информативни блогови, видеа, и социјални постови не само што привлекува нови клиенти, туку ја зајакнува лојалноста со постоечките. Добро структурирана содржина ги води посетителите низ продажната инка, зголемувајќи го ангажманот и поттикнувајќи конверзии.

4. Кампањи

Кампањите се насочени маркетинг активности кои имаат за цел да го зголемат ангажманот и продажбата на твојот бизнис. Преку платени реклами на социјалните мрежи и Google, правилно таргетираните кампањи овозможуваат да допреш до вистинската публика во вистинско време. Со добро дефинирани цели и буџет, кампањите носат видливи и мерливи резултати, како зголемена продажба, повеќе клиенти и подобрена свесност за твојот бренд.


И – се изначита сешто, со нешто се сложуваш, со нешто сигурно не. А можеби се сложуваш со сѐ. Има многу недокажани работи, иако постов испадна долг. Но, не грижи се, ќе продискутираме на нашето следно интервју со тебе за твојот бизнис, по што ќе ги воспоставиме основите на дигиталното присуство и маркетинг стратегијата за следни 3-6-9 месеци директно поврзана со целите за продажбата, по кои ќе ја започнеме и реализацијата на сѐ напишано од погоре. Во календаров подолу резервирај си разговор со нас, во твое време „на камера“ преку zoom или gmeet, или во живо.

Бесплатен и ефтин дигитален маркетинг не е решение за успех

Иако маркетингот може да изгледа како трошок, тој всушност е инвестиција која додава вредност во секој бизнис. Инвестирајте во правилна стратегија, и секој вложен денар ќе се врати повеќекратно преку раст на продажбата и лојалност на клиентите.

И, не заборавај – бесплатното, па и ефтиното, не е опција за успех! Се потврдува во безброј пати во секој бизнис. А и нашиот народец си кажал со време „Сиромаијо 2 пати плаќа, а богатио еднаш“.