Заедно го разработуваме вашето барање
Секој бизнис носи свои специфики за комуникација со купувачите и промоција која создава нова продажна вредност. Ги слушаме вашите потреби и создаваме дигитални креативни решенија за успех.
Секој бизнис носи свои специфики за комуникација со купувачите и промоција која создава нова продажна вредност. Ги слушаме вашите потреби и создаваме дигитални креативни решенија за успех.
Бизнис релациите со клиентите ги градиме со искреност, посветеност и доверба. Креираме долгорочна соработка базирана на мерливи резултати. Бенефитот за нашите лојални клиенти е наш приоритет.
Секоја наша сработена акција е мерлива. Мериме и подобруваме, така создаваме резултат, заедно анализираме и заедно преземаме подобрувања насочени кон остварување на успех.
Сакаме да ги дознаеме плановите и очекувањата, за да создадеме вистинска стратегија со акции кои ќе донесат резултат. Прашуваме, разговараме, дознаваме. Слушате и послушувате. Заедно креираме план за 3-6-9 месеци со мерливи точки. Долгорочна соработка со доверба е наш врвен приоритет.
За компанијата Alutek Inc., создадовме современа, функционална и визуелно впечатлива веб-страница која целосно ги одразува нивните вредности и експертиза во производството на алуминиумски системи. Проектот вклучуваше детално планирање на структурата, оптимизација за корисничко искуство и дизајн кој го истакнува нивниот професионализам и висококвалитетни услуги. Со интеграција на јасна навигација и привлечни визуелни елементи, веб-страницата е создадена за да ги задоволи потребите на нивните клиенти и да го зголеми онлајн присуството на брендот. Со поставениот каталог на производи и додадениот систем за „Барање за понуда“, овозможивме брза комуникација и потенцијал за поголема продажба.
Употребен е Wordpress CMS прилагоден на барањата на клиентот – уникатен дизајн, оригинална содржина, SEO оптимизација, додатоци.
За платформата licevlice.mk, создадовме иновативна и кориснички ориентирана веб-страница која совршено ги претставува вредностите и мисијата на проектот. Фокусот беше насочен кон развивање на интуитивна структура што овозможува лесна навигација, прилагодена на потребите на корисниците и поддржувачите. Со уникатен дизајн што ги рефлектира креативноста и посветеноста на „Лице в лице“, страницата е оптимизирана за брзо пребарување, зголемена интерактивност и подобрено корисничко искуство.
Проектот го зајакна онлајн присуството на платформата, овозможувајќи ѝ да допре до поширока публика и да го засили својот позитивен општествен импакт.
Изготвен е креативен дизајн и содржина за новата/редизајнирана веб страна за адвокатската канцеларија Алексовски. Истата е изготвена на македонски и германски јазик прилагодени на потребите на адвокатската канцеларија, користејќи Wordpress CMS прилагоден на барањата на клиентот – уникатен дизајн, оригинална содржина, SEO оптимизација.
Изработивме креативен дизајн и содржина прилагодени на потребите за Zerogravity, користејќи Wordpress CMS прилагоден на барањата на клиентот – уникатен дизајн, оригинална содржина, SEO оптимизација.
За Gajba.mk, создадовме динамична и функционална веб-продавница која ги обединува безалкохолните и алкохолните пијалоци во една интуитивна платформа. Преку модерен дизајн и оптимизирана структура, сајтот овозможува лесна навигација и брзо купување за сите корисници.
Со посебен акцент на визуелната презентација и едноставноста, Gajba.mk не само што ја зголемува видливоста на производите, туку и го олеснува процесот на избор и нарачка, со синхронизација на залихи од магацин преку ЕРП софтверот кој го користат. Овој проект беше вистинско задоволство, бидејќи успеавме да ја претвориме визијата на клиентот во реалност, додавајќи вредност на нивното онлајн присуство.
Нашата соработка со Бролинс АД Скопје, осигурително брокерско друштво, се фокусираше на изработка и реализација на стратегија за развој на маркетинг на социјалните мрежи Facebook и Instagram. Целта беше да се зголеми видливоста на брендот, да се информира јавноста за нивните услуги и да се создаде доверба преку релевантни и интерактивни содржини, како и да се донесат нови клиенти.
Преку креативни објави, ангажирачки кампањи и насочени реклами, успеавме да го зголемиме досегот и да изградиме цврста база на следбеници кои активно ја следат содржината и се интересираат за новигет на Бролинс.
Креираме вредност и реализираме заеднички цели повеќе од 26 години.
Работата со Digital Media Creative Pro беше исклучително професионална и ефикасна. Тимот целосно ја разбра нашата визија и потреба и ни помогна да ја реализираме преку модерен, функционален и визуелно атрактивен веб-дизајн. Со нивната експертиза и внимание на детали, добивме веб-страница која ги задоволува нашите потреби и остава одличен впечаток кај нашите клиенти. Благодарни сме за соработката и препорачуваме на секој што бара квалитет и креативност.
Со тимот на Digital Media Creative Pro, направивме редефинирање на нашиот онлајн идентитет. Така, ‘Лице в лице’ доби вистински партнер со кој освен работа, дели и вредности! Тимот успеа да ја преточи нашата мисија во модерна, функционална веб платформа која го рефлектира духот на ’Лице в лице‘. Благодарение на нивната професионалност, креативност и техничка стручност, сега имаме платформа која ни овозможува да допреме до поголема заедница со која создаваме позитивни промени. Огромна благодарност за извонредниот труд и посветеност!
Digital Media Creative Pro го трансформираа нашиот продажен концепт во професионална и современа веб-продавница која совршено ги исполнува потребите на нашите клиенти. Тимот беше брз, креативен и посветен на секој детаљ, од визуелниот дизајн до функционалноста. Gajba.mk сега е платформа која нуди беспрекорно корисничко искуство и го зголеми нашиот онлајн продажен капацитет. Голема благодарност за нивната експертиза и професионализам!
Соработката со Digital Media Creative Pro беше одлично искуство. Добивме креативна и привлечна веб страна со одлична стартна SEO оптимизација, што ни беше главен приоритет. Секогаш ќе ги препорачуваме на сите со потреби како нашите.
Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни.
Неопходните колачиња треба да се секогаш овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме Вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме Вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-страница ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.
Оваа веб-страница користи Google Analytics за собирање анонимни информации како што се бројот на посетители на страницата и најпопуларните страници.
Одржувањето на ова колаче вклучено ни помага да ја подобриме нашата веб-страница.
Ве молиме прво овозможете ги строго неопходните колачиња за да можеме да ги зачуваме Вашите прилагодувања.
Оваа веб-страница ги користи следните дополнителни колачиња:
Meta pixel
Ве молиме прво овозможете ги строго неопходните колачиња за да можеме да ги зачуваме Вашите прилагодувања.