Opens in a new tab
Скопје, Македонија + online 24/7/365

Наше портфолио

Реални проекти. Реални резултати.

Секој проект е уникатна приказна за соработка, креативност и технологија што носи вредност и раст за бизнисите. Избравме мал дел за наше претставување од сѐ досега испродуцирано од нашиот тим.
DMCreative portfolio

26+

години тимско искуство

350+

успешни проекти

98%

задоволни клиенти

100%

посветеност
ФИЛТРИРАЈ ПО КАТЕГОРИЈА
Алекс дизајн, салон за мебел Маркетинг на социјални мрежи

Алекс дизајн, салон за мебел

За Алекс Дизајн креираме и водиме стратешко присуство на Facebook, Instagram и Google Business Profile. Подготвуваме месечна маркетинг стратегија, контент план, продажни текстови, визуели, видеа, story и reels содржини. Управуваме со Meta Ads кампањи со редовен месечен буџет, следиме перформанси и континуирано ги оптимизираме резултатите со цел поголем досег, повеќе продажби и стабилен раст на брендот. Период на соработка: од 1.5.2025 - 31.7.2026

Детали
Здружение на пензионери - Центар, Скопје WordPress услуги

Здружение на пензионери - Центар, Скопје

За Здружението на пензионери - Центар, Скопје изработивме современа WordPress веб-страница со уникатен, чист и лесно разбирлив дизајн. Проектот опфати планирање на структурата, визуелен и графички дизајн, подготовка и оптимизација на содржини и целосна техничка реализација. Решението овозможува едноставно управување со објави и информации, лесна навигација и професионална презентација на активностите и услугите на здружението.

Детали
Dolce Macedonia WordPress услуги

Dolce Macedonia

За Dolce Macedonia изработивме модерна и функционална е-продавница во WordPress и WooCommerce, специјализирана за слаткарска опрема, материјали и декорации. Проектот опфати оригинален визуелен дизајн, оптимизирана структура на категории, филтри и приказ на производи, SEO оптимизација и интеграција со социјални мрежи. Решението е целосно прилагодено за мобилни уреди, брзо, прегледно и насочено кон полесно купување и подобро корисничко искуство, со над 12 наши додатоци за разни функции.

Детали
Центар за развој на скопски плански регион WordPress услуги

Центар за развој на скопски плански регион

За Центарот за развој на Скопски плански регион обезбедувавме долгорочна дигитална поддршка преку развој, одржување и унапредување на WordPress веб-платформата. Работевме на custom дизајн, техничко одржување, ажурирање и оптимизација на содржини, SEO, администрација на хостинг и консалтинг за дигитален маркетинг, со цел професионална презентација на проектите, активностите и развојните иницијативи на регионот.

Детали
Прималек, аптека WordPress услуги

Прималек, аптека

За Аптека Прималек изработивме WordPress веб-страница со јасна и функционална презентација на брендот и производите. Имплементиравме посебна функционалност за дневно ажурирање на ценовникот, основна SEO оптимизација и целосна мобилна адаптација. Дополнително обезбедуваме техничка конфигурација, оптимизација, одржување и хостирање, со цел стабилна работа, брзо вчитување и едноставно управување со содржините.

Детали
Рефан Македонија E-commerce веб-страница

Рефан Македонија

За REFAN Macedonia - refan.mk изработивме целосно редизајнирана WordPress/WooCommerce е-продавница со custom дизајн и подобрена структура за парфеми, козметика, сетови и промотивни понуди. Работевме на UX, SEO, продуктна презентација, блог и продажни landing секции, е-информатор и директни контакт канали. Дополнително обезбедуваме техничка поддршка по потреба, оптимизација и континуирано унапредување на платформата за подобро корисничко искуство и онлајн продажба.

Детали
Dolce Macedonia Маркетинг на социјални мрежи

Dolce Macedonia

За Dolce.mk креираме и водиме стратешка комуникација на Facebook и Instagram, со цел поголема препознатливост на брендот и раст на продажбата. Развиваме месечна content стратегија, дизајнираме визуели и видео материјали, пишуваме продажни текстови и управуваме со Meta Ads кампањи. Континуирано ги анализираме перформансите и ја оптимизираме комуникацијата за стабилен раст и силна онлајн заедница и долгорочно позиционирање во својата индустрија.

Детали
Канцеларија за неразградливи органски загадувачи POPs Unit Веб дизајн

Канцеларија за неразградливи органски загадувачи POPs Unit

За POPs - Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи изработивме WordPress веб-страница со целосно custom визуелно решение и структура прилагодена на специфичните информативни потреби на проектот. Работевме на графички дизајн, подготовка и организација на содржините и техничка реализација во WordPress, со фокус на јасна навигација, прегледна презентација на информациите и стабилна работа на платформата.

Детали
ICBA project Маркетинг на социјални мрежи

ICBA project

За IPA Cross Border Cooperation Project реализиравме Facebook промоција на тековните активности, настани и значајни случувања поврзани со проектот. Подготвувавме јасни и визуелно усогласени објави во формат на постови и story содржини, со цел навремено информирање на јавноста, поголема видливост на проектните активности и конзистентна дигитална комуникација со целните публики и засегнати страни преку официјалниот Facebook комуникациски канал на проектот. Период на соработка: 4.2021.

Детали
Lavinija Grooming & Hotel - Платформа за управување со груминг и хотели за миленици Развој на софтверски апликации

Lavinija Grooming & Hotel - Платформа за управување со груминг и хотели за миленици

Развивме специјализирана веб-апликација за дигитално управување со груминг-салони и хотели за миленици, со цел поедноставување и автоматизација на секојдневните деловни процеси. Проектот опфати целосен UX/UI дизајн, развој на два поврзани оперативни модула, календари за резервации и термини, управување со сместувачки капацитети, евиденција на клиенти и миленици, каталог на услуги, финансиско следење и деловни извeштаи, Резултатот е интегрирана дигитална платформа што овозможува централизирано управување, подобра организација на вработените и поголема оперативна ефикасност.

Детали
Лице в лице, портал WordPress услуги

Лице в лице, портал

За LiceVlice.mk развивме современ портал со интегрирана е-продавница во WordPress, со фокус на јасна презентација на мисијата, содржините и производите на платформата. Решението вклучува custom дизајн, оптимизирана структура, лесно пребарување, WooCommerce функционалности, SEO и мобилна адаптација. Обезбедуваме и техничко одржување, оптимизација на перформансите, стабилност и континуирана поддршка на платформата.

Детали
Астибо Бејзик униформи Продажни лендинг-страници

Астибо Бејзик униформи

За Astibo Basic изработивме таргетирана landing страница како дел од продажна кампања на социјални медиуми. Страницата е развиена во WordPress со јасно структуриран продажен funnel, силни повици за акција и дизајн насочен кон конверзии. Решението е оптимизирано за мобилни уреди и директно поврзано со Meta кампањи, со цел генерирање побарувања и зголемување на продажбата.

Детали
Велнес Македонија Маркетинг на социјални мрежи

Велнес Македонија

За WellnessMK.com изработивме WordPress блог и WooCommerce е-продавница за независен Herbalife член, со цел јасна презентација на содржините и производите во единствена онлајн платформа. Проектот опфати custom дизајн на сите страници, SEO оптимизација, техничко уредување и хостирање. Решението обезбедува прегледно корисничко искуство, стабилна техничка основа и простор за континуиран развој на содржината и онлајн продажбата.

Детали
Паноптикум, портал Развој на софтверски апликации

Паноптикум, портал

За Panoptikum.mk развиваме и одржуваме целосен дигитален медиумски екосистем, изграден врз наследството на култната радио емисија „Паноптикум“. Работиме на WordPress/Bricks развој и редизајн, техничко одржување, SEO, редакциски и авторски содржини, социјални мрежи, аналитика и автоматизација на дистрибуцијата. Дополнително ги развиваме е-Библиотека, КЛИК е-издаваштво, Културниот агрегатор, сопствени WordPress функционалности и интеграции, како и инфраструктурата, перформансите и безбедноста на платформата.

Детали
Бролинс Маркетинг на социјални мрежи

Бролинс

За Бролинс АД Скопје креиравме и водевме стратешко присуство на Facebook, Instagram и Google Business Profile. Подготвувавме маркетинг стратегија, неделен и месечен контент план, продажни текстови, визуели, видеа, story и reels содржини. Реализиравме Lead Generation кампањи и обезбедуваме директна комуникација со потенцијалните клиенти преку chat и телефон, а содржините дополнително се дистрибуираа и преку Viber канал за поголем досег и ефект. Период на соработка: 11.2023 - 12.2024.

Детали
Laundry.mk WordPress услуги

Laundry.mk

За Laundry.mk изработивме модерна и професионална веб странa во WordPress + WooCommerce e-продавница, со свеж и минималистички дизајн што ја нагласува чистотата и ефикасноста на брендот. Проектот опфати подготовка на содржина и фотографии, SEO оптимизација, контакт форми и целосна мобилна прилагоденост. Решението овозможува лесна комуникација со клиентите, едноставно закажување услуги и брзо, прегледно корисничко искуство.

Детали
Гајба.мк E-commerce веб-страница

Гајба.мк

За gajba.mk изработивме е-продавница во WordPress и WooCommerce за продажба на алкохолни и безалкохолни пијалоци на локалниот пазар. Решението вклучува прилагодување на тема, мануелна интеграција на лагер листа и цени со локален ERP, обука за самостојно управување со содржините и синхронизација со база, како и автоматска поврзаност со Facebook Marketplace за поширока продажна видливост.

Детали
Астибо Бејзик WordPress услуги

Астибо Бејзик

За astibobasic.com.mk развивме целосно custom дизајнирана WooCommerce е-продавница со напредни интеграции и автоматизација. Имплементиравме Halkbank payment gateway, custom документ од е-продавницата и интеграција со Ananas за синхронизација на залиха, цени и акции. Решението вклучува повеќејазичност, EUR приказ за албанската верзија со MKD наплата, checkout валидации, ограничена достава за Македонија и Косово, SEO оптимизација и custom функционалности за производите.

Детали
Lumina Skin Solutions Веб дизајн

Lumina Skin Solutions

За Lumina Skin Solutions изработивме модерна и елегантна е-продавница во WordPress и WooCommerce, специјализирана за производи за нега и подмладување на кожата. Платформата опфаќа прилагоден дизајн, оригинални содржини, SEO оптимизација, мобилна адаптивност, блог секција, клиентски препораки и тематски колекции. Решението овозможува јасна презентација на производите, интуитивна навигација и подобро корисничко искуство, со цел поголема доверба и раст на брендот.

Детали
Abilitist.org – marketplace E-commerce веб-страница

Abilitist.org – marketplace

За Abilitist.org развивме регионален online marketplace во WordPress и WooCommerce, наменет за промоција и продажба на производи и услуги од лица со попреченост. Платформата има custom, инклузивен дизајн, UX и WCAG прилагодувања, кориснички профили, комуникација и донации. Проектот опфати концепт, стратегија, развој, SEO оптимизација и подготовка на содржини, со фокус на пристапност, самостојност и дигитална инклузија.

Детали
TLT Маркетинг на социјални мрежи

TLT

За ТЛТ креиравме и водевме присуство на Facebook, Instagram и Google Business Profile. Подготвувавме маркетинг стратегија, неделен и месечен контент план, продажни текстови, визуели, видеа, story и reels содржини. Реализиравме Lead Generation кампањи и обезбедувавме директна комуникација со потенцијалните клиенти преку chat и телефон, а содржините дополнително се дистрибуираа и преку Viber канал за поголем досег и подобри резултати. Период на соработка: 4.2019 - 8.2020.

Детали
Центар за развој на источен плански регион WordPress услуги

Центар за развој на источен плански регион

За Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР) обезбедуваме долгорочна дигитална поддршка, од првичната Joomla верзија до денешната WordPress платформа со custom дизајн. Работиме на корпоративен брендинг, техничко одржување, ажурирање на содржини, SEO, администрација на хостинг и консалтинг за дигитален маркетинг, со цел стабилна, современа и професионална онлајн презентација на регионот и неговите развојни активности.

Детали
ZeroGravity, параглајдинг клуб Веб дизајн

ZeroGravity, параглајдинг клуб

За Zerogravity изработивме корпоративна WordPress веб-страница со уникатен дизајн, комплетен брендинг и подготовка на содржини, графики и видео материјали. Проектот опфати техничка конфигурација, SEO и оптимизација на брзината, хостирање и континуирано одржување. Дополнително ја поддржуваме комуникацијата на брендот преку Facebook и Instagram, со цел посилно онлајн присуство и поголема видливост на параглајдинг услугите.

Детали
Get Fit Get Paid Маркетинг на социјални мрежи

Get Fit Get Paid

За Get Fit Get Paid креираме и водиме присуство на Facebook, Instagram и Google Business Profile, со главен фокус на прибирање на лидови и задржување клиенти. Подготвуваме годишна маркетинг стратегија по која реализираме содржина по квартале контент план, продажни текстови, визуели, видеа, story и reels содржини. Реализираме Lead Generation кампањи и соработка со инфлуенсери, обезбедуваме директна комуникација со потенцијални клиенти преку chat и телефон, а содржините дополнително ги дистрибуираме преку Viber канали. Соработуваме од 2012 година.

Детали
AquaExpert.mk E-commerce веб-страница

AquaExpert.mk

За AquaExpert.mk изработивме современа и функционална е-продавница во WordPress и WooCommerce, специјализирана за опрема за бањи. Платформата овозможува брза навигација, прегледна категоризација и лесно пребарување на производите според технички карактеристики. Дизајнот е целосно прилагоден на брендот, оптимизиран за мобилни уреди и пребарувачи, со јасна презентација на понудата и подобрено корисничко искуство.

Детали
Алекс дизајн, салон за мебел WordPress услуги

Алекс дизајн, салон за мебел

За Алекс Дизајн изработивме модерна и интуитивна е-продавница во WordPress и WooCommerce, со оригинален дизајн усогласен со визуелниот идентитет на брендот. Платформата овозможува лесна навигација, прецизна категоризација, детална презентација на производите, филтрирање и мерење. Дополнително, страницата е целосно SEO оптимизирана, прилагодена за мобилни уреди и насочена кон побрзо вчитување, подобро корисничко искуство и континуиран раст на органскиот сообраќај.

Детали
Алутек-Хартек E-commerce веб-страница

Алутек-Хартек

За Алутек-Хартек изработивме современа WordPress веб-страница со уникатен дизајн, прилагоден на нивната производствена и извозна дејност. Проектот опфати стратегија за дигитален маркетинг и продажба, оптимизирана структура, каталог на производи и систем за „Барање за понуда“. Решението обезбедува професионална презентација, лесна навигација, директна комуникација со потенцијални клиенти и стабилна основа за понатамошен дигитален развој.

Детали
Здружение на граѓани Паблик WordPress услуги

Здружение на граѓани Паблик

За Здружение на граѓани Паблик изработивме професионална WordPress веб-страница со јасна структура, современ UI/UX и визуелен идентитет усогласен со мисијата на организацијата. Проектот опфати подготовка и организација на содржини, објавување новости, извештаи и проектна документација, мобилна оптимизација, основно SEO и безбедносни поставки, со цел транспарентна, достапна и ефикасна комуникација со јавноста и партнерите.

Детали
Slabeenje.mk Продажни лендинг-страници

Slabeenje.mk

За Slabeenje.mk - DoTheChange изработивме информативна и мотивациска WordPress платформа посветена на здрава исхрана, слабеење и подобрување на животниот стил. Решението вклучува персонализиран дизајн, WooCommerce, систем за членство и пријавување во програми за трансформација. Дополнително имплементиравме SEO оптимизација, техничка конфигурација и континуирано одржување, со фокус на лесна навигација, доверба и зголемена активност на корисниците.

Детали
Дирекција за култура и уметност на Скопје WordPress услуги

Дирекција за култура и уметност на Скопје

За Дирекцијата за култура и уметност - dku.org.mk развивме целосно custom WordPress архитектура, изградена според специфичните потреби на институцијата. Проектот опфати дигитализација и систематизација на материјали, структурирани евиденции за фестивали, програми, настани, галерии и медиумски објави, како и развој на дигитална архива на повеќегодишни содржини. Платформата овозможува централизирано управување, долгорочно зачувување на информациите и современа презентација на културната продукција и институционалната меморија.

Детали
Адвокатска канцеларија Алексовски Веб дизајн

Адвокатска канцеларија Алексовски

За Адвокатската канцеларија Алексовски изработивме целосно нова WordPress веб-страница, со професионален и уникатен визуелен идентитет усогласен со дејноста на адвокатската канцеларија. Проектот опфати брендинг, подготовка на содржини, графички и видео материјали, техничка конфигурација, оптимизација на брзина и SEO. Решението е хостирано на сопствен хостинг и обезбедува стабилна, брза и професионална онлајн презентација.

Детали
Екотерм Маркетинг на социјални мрежи

Екотерм

За Екотерм реализиравме продукција на 14 продажни Reels видеа со фокус на целосната програма за подно греење и фотоволтаични панели. За секое видео подготвивме концепт, продажна порака, визуелна структура и динамична монтажа прилагодена за Meta платформите. Серијата е осмислена за јасно претставување на производите, нивните предности и практичната примена, со цел поголем досег, ангажман и генерирање директен продажен интерес.

Детали
Јазикот е мојата татковина Копирајтинг

Јазикот е мојата татковина

За „Јазикот е мојата татковина“ реализираме целосна аудио продукција на едукативен серијал посветен на македонскиот јазик. Процесот опфаќа пишување на текстови, снимање, аудио монтажа, обработка на глас, чистење и мастеринг, како и подготовка на финалните аудио изданија. Серијалот се објавува преку Panoptikum.mk, со сопствен визуелен идентитет и систематизирана презентација на јазичните содржини.

Детали
// НАШИОТ ПРОЦЕС

Од идеја до резултат.
Прецизен процес предвиливи резултати.

1. Слушаме

Ги разбираме Вашите
цели и потреби.
→

2. Планираме

Креираме план и
јасна стратегија.
→

3. Создаваме

Дизајн, развој и
креативна реализација.
→

4. Мериме

Следиме перформанси
и резултати.
→

5. Растеме заедно

Оптимизираме и градиме
долгорочна соработка.

Клиентите и партнерите за нас

  • Со тимот на Digital Media Creative Pro, направивме редефинирање на нашиот онлајн идентитет. Така, „Лице в лице“ доби вистински партнер со кој освен работа, дели и вредности! Тимот успеа да ја преточи нашата мисија во модерна, функционална веб платформа која го рефлектира духот на „Лице в лице“. Благодарение на нивната професионалност, креативност и техничка стручност, сега имаме платформа која ни овозможува да допреме до поголема заедница со која создаваме позитивни промени. Огромна благодарност за извонредниот труд и посветеност!

    Лице в лице / Паблик

    Маја

  • Соработката со Digital Media Creative Pro ни покажа колку технологијата може да го олесни секојдневното работење во груминг-салон. Со DMC Grooming & Hotel добивме решение создадено со разбирање на нашата професија, потребите на милениците и очекувањата на нивните сопственици.

    Од организирањето на термините и евиденцијата на клиентите, до управувањето со услугите и прегледот на работењето, сè е осмислено да биде едноставно и практично.

    За нас, најголемата вредност е што можеме повеќе време да посветиме на она што навистина го сакаме – професионалната грижа за милениците. DMC не ни понуди само апликација, туку дигитално решение приспособено на нашиот начин на работа.

    Lavinija Grooming, Професионален груминг-салон

    Лавинија

  • Digital Media Creative Pro ни изработи модерна и функционална веб страница, е-продавница, што совршено го одразува нашиот бренд - чистота, брзина и професионалност. Решението ни овозможува лесна комуникација со клиентите и едноставно управување со содржина и оналјн подажба. Резултатот е платформа што изгледа одлично и работи уште подобро.

    Eco Laundry House

    Елена

  • Digital Media Creative Pro го трансформираа нашиот продажен концепт во професионална и современа веб-продавница која совршено ги исполнува потребите на нашите клиенти. Тимот беше брз, креативен и посветен на секој детаљ, од визуелниот дизајн до функционалноста. Gajba.mk сега е платформа која нуди беспрекорно корисничко искуство и го зголеми нашиот онлајн продажен капацитет. Голема благодарност за нивната експертиза и професионализам!

    Гајба.мк

    Спасе

  • Работата со Digital Media Creative Pro беше исклучително професионална и ефикасна. Тимот целосно ја разбра нашата визија и потреба и ни помогна да ја реализираме преку модерен, функционален и визуелно атрактивен веб-дизајн. Со нивната експертиза и внимание на детали, добивме веб-страница која ги задоволува нашите потреби и остава одличен впечаток кај нашите клиенти. Благодарни сме за соработката и препорачуваме на секој што бара квалитет и креативност.

    Алутек-Хартек, производи од хартија и алуминиум

    Миле

  • Соработката со Digital Media Creative Pro беше одлично искуство. Добивме креативна и привлечна веб страна со одлична стартна SEO оптимизација, што ни беше главен приоритет. Секогаш ќе ги препорачуваме на сите со потреби како нашите.

    ZeroGravity

    Љубе

  • Digital Media Creative Pro ни изработи современа веб страница со јасен и чист дизајн, прилагоден на потребите на нашето здружение, со лесно управување со содржините. Целиот процес беше професионален и посветен. Благодарение на нив, денес имаме достапна и функционална онлајн платформа.

    Здружение на пензионери на Општина Центар – Скопје

    Злате

  • Со Digital Media Creative Pro соработуваме од 2008 година. Од првичната Joomla платформа до денешна WordPress верзија со custom дизајн, тимот континуирано се грижи за нашите веб страници, техничкото одржување и дигиталниот развој. Партнерство засновано на доверба и долгорочна стабилност.

    Центар за развој на источен плански регион

    Трајче

  • Соработката со Digital Media Creative Pro ни помогна првенствено да се зголеми нашиот онлајн идентитет.Со нивните сугестии,предлози, потполн ангажман и насоки добивме веб страна која во секој поглед ја поврзува нашата присутност на социјалните мрежи со продажбата преку веб

    Позитивните промени се случија онака како што беше и прогнозирано од нивна страна во согласност со нивното долгогодишно искуство.Сите работи кои беа договорени беа изработени строго професионално и во најкраток можен рок предвиден однапред. Придржувањето до договореното и исполнувањето максимално на истото е оособено позитивно и битно во работата денеска.

    Професионалност, креативност и техничка стручност. Со еден збор ЕСНАФИ.

    Dolce Macedonia, слаткарска опрема

    Анриета

  • Digital Media Creative Pro ни изработи лендинг страница која директно носи нарачки. Структурата на продажниот фунел, јасните повици за акција и интеграцијата со Meta кампањи направија вистинска разлика во бројот на побарувања. Професионалност, стратегија и резултат – токму тоа што ни требаше. Во исто време, направија преработка на нашата веб страница со целосна SEO оптимизација и подобрување.

    Ни ја преработија и цела веб страна, со значително подобрување во перформансите и функциите.

    Искрена препорака за старт на динамична и ефективна соработка.

    Астибо Бејзик, производство и продажба на облека

    Давид

  • Digital Media Creative Pro реализираше целосна преработка и надградба нашата е-продавница, со јасна цел – создавање платформа што ќе биде истовремено естетски прецизна и комерцијално функционална. Заедно креиравме нов уникатен визуелен концепт, подобрена архитектура на категории. Дополнително, страницата е технички оптимизирана за брзина, мобилни уреди и органски сообраќај, со интегрирани филтри, автоматизирана комуникација и SEO структура што овозможува подобра позиционираност на пребарувачите.

    Алекс Дизајн доби повеќе од веб продавница – доби дигитална продажна алатка која активно го гради брендот и ја зголемува видливоста на пазарот на мебел.

    Алекс дизајн, салон за мебел

    Александар

  • Подготвени за следниот чекор?

    Да разговараме за Вашите цели и да создадеме решение што носи резултати.
    ЗАКАЖЕТЕ КОНСУЛТАЦИЈА