Opens in a new tab

Топ 5 грешки што бизнисите ги прават со својата веб страна и маркетингот на социјалните мрежи

Грешките во дигиталниот маркетинг можат да ги чинат бизнисите многу повеќе од изгубени пари за рекламирање. Денес не е доволно само да имате веб страна и профили на Facebook или Instagram. Без…

Share:f𝕏in
5 Digital Marketing Mistakes Businesses Should Avoid

Грешките во дигиталниот маркетинг можат да ги чинат бизнисите многу повеќе од изгубени пари за рекламирање. Денес не е доволно само да имате веб страна и профили на Facebook или Instagram. Без јасна стратегија, професионален дизајн и правилна комуникација со публиката, дури и значителните инвестиции можат да останат без очекуваните резултати. Откријте ги петте најчести грешки што бизнисите ги прават со својата веб страна и маркетингот на социјалните мрежи, како и начините да ги избегнете.

Веб страна без стратегија и цел

Повеќето бизниси прават веб страна само „за да ја имаат“. Но веб страната е вашата онлајн продавница, каталог и прва импресија – и мора да биде насочена кон конверзии! Без јасно дефинирана цел, посетителите заминуваат без да преземат акција.

Совет: Направете план – зошто постои вашата веб страна и што сакате корисникот да направи кога ќе ја посети!

Маркетинг на социјални мрежи без конзистентност

Бизнисите често објавуваат само кога „се има време“ или само кога имаат некоја акција. Социјалните мрежи бараат постојана комуникација, доследен тон и естетика.
Алгоритмите „казнуваат“ неактивност!

Совет: Планирајте неделно или месечно! Креирајте календар со објави и распоред.

Непрофесионален дизајн и слаба оптимизација на веб страната

Стара, нефункционална, бавна и неодржувана веб страна – сигурен начин клиентите да ја изгубат довербата во вашиот бренд.

Google ги рангира само оние страници што се брзи, сигурни и SEO пријателски.

Совет: Инвестирајте во професионален веб дизајн и редовно одржување. Брзината и безбедноста носат резултати!

Непознавање на таргет публика

„Сите ми се клиенти!“ е една од најголемите заблуди. Без точно познавање на вашата публика, и веб страната и маркетингот стануваат само фрлени пари.

Совет: Дефинирајте аватари на вашите идеални клиенти – што сакаат, каде се движат и како размислуваат.

Отсуство на јасен повик за акција (CTA)

Посетителите нема сами да „погодат“ што сакате од нив. Веб страната и постовите на социјалните мрежи мора да имаат јасен повик за акција: купи, закажи, контактирај, научи повеќе…

Совет: Не плашете се да барате од клиентите да направат следен чекор. Јасен и привлечен CTA секогаш носи резултат!

Наша препорака

Веб страната и маркетингот на социјалните мрежи се двете најважни алатки за вашиот дигитален успех. Но само кога се користат правилно, тие стануваат моќен двигател за раст и профит. Избегнете ги овие 5 грешки и следете како вашиот бренд расте, а клиентите сами доаѓаат кај вас!

Ако сакате веб страна што работи за вас и маркетинг стратегија што носи резултати –
контактирајте не! Ние сме вашиот партнер за дигитален успех!

Идеи што го движат бизнисот напред

Претплатете се на нашиот месечен е-весник и добивајте ексклузивни совети, стратегии и новости директно на Вашата е-маил адреса.

Без спам. Отпишете се во било кое време.

ПОПУЛАРНИ НАПИСИ

Видете ги сите написи →