Opens in a new tab

Креативноста во акција: тимот на DMCreative.Pro ја обликуваше визуелната магија на првиот Ability Awards во Македонија

Првиот Ability Awards во Македонија, одржан на 3 декември 2024 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје, ги обедини поединците и компаниите што активно придонесуваат за создавање поинклузивно општество. Тимот на DMCreative.pro имаше…

Share:f𝕏in
Ability Awards Macedonia 2024 event visual production by DMCreative.pro

Првиот Ability Awards во Македонија, одржан на 3 декември 2024 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје, ги обедини поединците и компаниите што активно придонесуваат за создавање поинклузивно општество. Тимот на DMCreative.pro имаше значајна улога во реализацијата на овој настан, обезбедувајќи креативна визуелна продукција и техничка поддршка.

Со внимателно планирање, оригинални визуелни решенија и координација со тимовите за осветлување, сценографија и телевизиска продукција, создадовме впечатливо визуелно искуство за присутните и за публиката што го следеше настанот преку телевизија и дигиталните медиуми.

Првиот Ability Awards во Македонија – настан посветен на инклузијата

Настанот ги поврза лицата со попреченост и македонските компании активно вклучени во процесот на инклузија.

Настанот, кој е прв од ваков карактер, има за цел да ги охрабри компаниите, заедниците и поединците, да преземат активна улога во градење на поинклузивно општество, каде секој поединец има еднакви можности за успех и истакнување на своите вештини.

Награди за поединци и компании што создаваат промени

На настанот беа врачени награди на 10 поединци и 10 компании кои се залагаат за еднаквост и инклузија.

За наградите беа номинирани вкупно 40 поединци во 10 категории: култура и уметност, спортски достигнувања, работник во бизнис-сектор, работник со ИТ-вештини, лидерство, работник во јавна институција, награда за исклучително влијание на општествената свест, бизнис-иноватор, борец за човекови права, инклузивен иноватор.

Компаниите, пак, беа номинирани во следните категории: најдобро инклузивно работно место, иновации во пристапноста, влијание на заедницата, медиум без предрасуди, лидерство за различности, инклузивна маркетинг кампања, застапување и политика, инклузивна и асистивна технологија, претприемничка иницијатива и корпоративна социјална одговорност.

DMCreative.pro – креативна и техничка продукција на настанот

На настанот, свој незаменлив придонес даде и тимот на DMCreative.pro, кој со својата посветеност и професионалност ја презеде улогата на техничка поддршка за реализација на овој значаен проект. Со својот остар поглед за деталите и неспоредлива способност за креативно изразување, го обликувавме сето она што го претставуваше визуелното искуство на настанот.

Од планирање до реализација: визуелно искуство што инспирира

Од внимателното планирање и техничката подготовка, до маестралната изведба заедно со тимовите за светло, сценографија и телевизиска продукција, создадовме визуелна симфонија што не само што ги воодушеви присутните, туку ги поврза и оние кои го следеа настанот преку малите екрани на Македонската национална телевизија и на страниците и профилите на социјалните мрежи. Секоја прецизно поставена графика и секој визуелен елемент беа дел од вешта уметност, дизајнирана да ги претвори моментите во незаборавни спомени.

Членовите на нашиот тим, вклучени во реализација на овој настан, не само што се погрижија за техничките аспекти, туку ја оживеаја и суштината на самиот настан преку визуелен јазик – јазик што зборува за емоции, приказни и инспирација. Техничката поддршка не беше само техничка, туку и креативна, трансформирајќи ја секоја идеја во слика што ќе остане врежана во сеќавањата на сите учесници.

Токму благодарение на нашата стручност и несебична посветеност, настанот блесна во своето најубаво светло, носејќи ја визуелната перцепција на едно сосема ново ниво.

Ability Awards 2024 – галерија со фотографии и видеа

Како тоа изгледаше, преку слики и видеа, погледнете во галеријата подолу.

Идеи што го движат бизнисот напред

Претплатете се на нашиот месечен е-весник и добивајте ексклузивни совети, стратегии и новости директно на Вашата е-маил адреса.

Без спам. Отпишете се во било кое време.

ПОПУЛАРНИ НАПИСИ

Видете ги сите написи →