Со Digital Media Creative Pro соработуваме од 2008 година. Од првичната Joomla платформа до денешна WordPress верзија со custom дизајн, тимот континуирано се грижи за нашите веб страници, техничкото одржување и дигиталниот развој. Партнерство засновано на доверба и долгорочна стабилност.
Професионалци за
дигитални
креативни услуги
50+
100+
26+
Зошто баш ние...
Стратегија
Секој бизнис носи свои специфики за комуникација со купувачите и промоција за нова продажна вредност. Ги слушаме потребите и создаваме дигитални креативни решенија кои носат успех.
Резултати
Релациите со клиентите ги градиме еснафски - со искреност, посветеност и доверба. Бенефитот за нашите клиенти е наш врвен приоритет.
Долгорочно партнерство
Долгорочна соработка со доверба е наш врвен приоритет.
Наши услуги
Маркетинг на
социјални мрежи
Веб сајтови
& Development
E-commerce веб сајтови
Видео
продукција
Копирајтинг
Аудио
продукција
SternaLite
ERP for SMBs
Wordpress
Plugins
Идеи што го движат бизнисот напред
Клиентите и партнерите за нас
Со тимот на Digital Media Creative Pro, направивме редефинирање на нашиот онлајн идентитет. Така, „Лице в лице“ доби вистински партнер со кој освен работа, дели и вредности! Тимот успеа да ја преточи нашата мисија во модерна, функционална веб платформа која го рефлектира духот на „Лице в лице“. Благодарение на нивната професионалност, креативност и техничка стручност, сега имаме платформа која ни овозможува да допреме до поголема заедница со која создаваме позитивни промени. Огромна благодарност за извонредниот труд и посветеност!
Лице в лице / Паблик
Маја
Digital Media Creative Pro ни изработи модерна и функционална веб страница, е-продавница, што совршено го одразува нашиот бренд - чистота, брзина и професионалност. Решението ни овозможува лесна комуникација со клиентите и едноставно управување со содржина и оналјн подажба. Резултатот е платформа што изгледа одлично и работи уште подобро.
Eco Laundry House
Елена
Соработката со Digital Media Creative Pro ни помогна првенствено да се зголеми нашиот онлајн идентитет.Со нивните сугестии,предлози, потполн ангажман и насоки добивме веб страна која во секој поглед ја поврзува нашата присутност на социјалните мрежи со продажбата преку веб
Позитивните промени се случија онака како што беше и прогнозирано од нивна страна во согласност со нивното долгогодишно искуство.Сите работи кои беа договорени беа изработени строго професионално и во најкраток можен рок предвиден однапред. Придржувањето до договореното и исполнувањето максимално на истото е оособено позитивно и битно во работата денеска.
Професионалност, креативност и техничка стручност. Со еден збор ЕСНАФИ.
Dolce Macedonia, слаткарска опрема
Анриета
Работата со Digital Media Creative Pro беше исклучително професионална и ефикасна. Тимот целосно ја разбра нашата визија и потреба и ни помогна да ја реализираме преку модерен, функционален и визуелно атрактивен веб-дизајн. Со нивната експертиза и внимание на детали, добивме веб-страница која ги задоволува нашите потреби и остава одличен впечаток кај нашите клиенти. Благодарни сме за соработката и препорачуваме на секој што бара квалитет и креативност.
Алутек-Хартек, производи од хартија и алуминиум
Миле
Digital Media Creative Pro ни изработи лендинг страница која директно носи нарачки. Структурата на продажниот фунел, јасните повици за акција и интеграцијата со Meta кампањи направија вистинска разлика во бројот на побарувања. Професионалност, стратегија и резултат – токму тоа што ни требаше. Во исто време, направија преработка на нашата веб страница со целосна SEO оптимизација и подобрување.
Ни ја преработија и цела веб страна, со значително подобрување во перформансите и функциите.
Искрена препорака за старт на динамична и ефективна соработка.
Астибо Бејзик, производство и продажба на облека
Давид
Digital Media Creative Pro ни изработи современа веб страница со јасен и чист дизајн, прилагоден на потребите на нашето здружение, со лесно управување со содржините. Целиот процес беше професионален и посветен. Благодарение на нив, денес имаме достапна и функционална онлајн платформа.
Здружение на пензионери на Општина Центар – Скопје
Злате
Соработката со Digital Media Creative Pro ни покажа колку технологијата може да го олесни секојдневното работење во груминг-салон. Со DMC Grooming & Hotel добивме решение создадено со разбирање на нашата професија, потребите на милениците и очекувањата на нивните сопственици.
Од организирањето на термините и евиденцијата на клиентите, до управувањето со услугите и прегледот на работењето, сè е осмислено да биде едноставно и практично.
За нас, најголемата вредност е што можеме повеќе време да посветиме на она што навистина го сакаме – професионалната грижа за милениците. DMC не ни понуди само апликација, туку дигитално решение приспособено на нашиот начин на работа.
Lavinija Grooming, Професионален груминг-салон
Лавинија
Соработката со Digital Media Creative Pro беше одлично искуство. Добивме креативна и привлечна веб страна со одлична стартна SEO оптимизација, што ни беше главен приоритет. Секогаш ќе ги препорачуваме на сите со потреби како нашите.
ZeroGravity
Љубе
Digital Media Creative Pro реализираше целосна преработка и надградба нашата е-продавница, со јасна цел – создавање платформа што ќе биде истовремено естетски прецизна и комерцијално функционална. Заедно креиравме нов уникатен визуелен концепт, подобрена архитектура на категории. Дополнително, страницата е технички оптимизирана за брзина, мобилни уреди и органски сообраќај, со интегрирани филтри, автоматизирана комуникација и SEO структура што овозможува подобра позиционираност на пребарувачите.
Алекс Дизајн доби повеќе од веб продавница – доби дигитална продажна алатка која активно го гради брендот и ја зголемува видливоста на пазарот на мебел.
Алекс дизајн, салон за мебел
Александар
Digital Media Creative Pro го трансформираа нашиот продажен концепт во професионална и современа веб-продавница која совршено ги исполнува потребите на нашите клиенти. Тимот беше брз, креативен и посветен на секој детаљ, од визуелниот дизајн до функционалноста. Gajba.mk сега е платформа која нуди беспрекорно корисничко искуство и го зголеми нашиот онлајн продажен капацитет. Голема благодарност за нивната експертиза и професионализам!
Гајба.мк
Спасе


















































