Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да Ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции кои ќе ве Ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-страница и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата Ви се најинтересни и корисни.
Наша лична карта
Ние сме Digital Media Creative Pro, тим од страстни креативци и професионалци кои ги спојуваат идеите и технологијата за да изградат нешто посебно. Веруваме дека секој бизнис заслужува да биде видлив, вреднуван и запаметен, па токму тоа го правиме за вас.
Нашите услуги се прилагодени според вашите потреби, а нашата мисија е да ви помогнеме да ги остварите вашите цели и амбиции. Од креирање и менаџирање на електронски медиуми, новинарство, маркетинг на социјални мрежи, емаил маркетинг, е-продажба, веб и видео и аудио продукција, програмирање, развој на AI апликации, компјутерски мрежни системи – заедно градиме приказна која ќе инспирира и ќе привлекува.
Доверете ни ја вашата приказна, а ние ќе ја претвориме во незаборавен дигитален успех.
Горан Димитровски
Горан Димитровски е основач и извршен директор на Digital Media Creative Pro, со над 20 години искуство во дигиталниот маркетинг и визуелните комуникации. Неговиот талент за креирање иновативни стратегии и креативни решенија го прави еден од најпочитуваните професионалци во индустријата. Горан е познат по својата способност да ги разбере потребите на клиентите и да ги претвори нивните визии во успешни дигитални кампањи за остварување на конкретни цели. Неговата страст за технологија и креативност го инспирира тимот и ги води проектите кон успех.
Горан е специјалист за дигитален маркетинг и продажба, проектен менаџмент, дигитализација на процеси во мали и средни компании, аудио продукција.
Влатко Митов
Влатко Митов е ко-основач и технички директор на Digital Media Creative Pro. Со своето богато искуство во дигитални медиуми и управување со проекти, Влатко игра клучна улога во воспоставување на технологии и иновации за нашите клиенти.
Еден е од основачите на првата македонска екстранет мрежа и компјутерското списание „PlugIn” (1997), член на здружението „Здружение за развој на информатичката култура”, пишува текстови за неколку компјутерски и еколошки списанија, во неделникот „Капитал” излегувале негови написи на темата “Интернет и како да се заработи на него”, веб мастер е на повеќе веб страници. Како член на Еколошкиот Прес Центар, работеше на создавање на Регионална новинарска мрежа на Интернет и на повеќе други проекти. Активно учествувал во осмислувањето и реализацијата на идејниот концепт за списанието “An outlook of New Zealand and Australia”, успешно реализира неколку рекламно-продажни стратегии и имплементира повеќе нови маркетиншки техники.
Влатко е специјалист за интернет мрежи, веб дизајн, компјутерски мрежни системи и електронска трговија.
Љупчо Димитровски
Љупчо Димитровски е професионален новинар радио и тв новинар, писател, со преку 40 години искуство како автор, водител, уредник и генерален уредник, во МРТВ (уредник на редакција за култура и уметност, на редакција за забавно-рекреативна програма, главен и одговорен уредник на Втората програма на Македонското радио – радио 2), ТВ „Алфа“, како и во Радио Гром (генерален менаџер, сопственик и новинар). Има напишано студија (објавена на Интернет) „Аспекти на модерното радио – радио на современата модерност“, што е сублимат на практично искуство, согледби и сознанија од областа на теоријата на информацијата и теориите на комуникологијата, потоа филозофијата, естетиката, психологијата, социологијата, антропологијата и маркетингот. Автор е на првиот професионален новинарски блог, писател на повеќе од 120 свои книги (роман, проза, поезија) издадени на интернет. Го создаде и веб проталот www.panoptikum.mk што е продолжение на неговата кулнта радио емисија „Паноптикум“.
Љупчо е специјалист за електронски медиуми, комуникација и новинарство.
Срџан Костенаров
Срџан Костенаров е софтверски инжењер во C++, тој носи обилна експертиза и преданост во секој проект на кој работи. Токму преку неговата кариера, тој секогаш одлучувал во развојот на софтверските проекти, доставувајќи здрави и надежни решенија кои го издржуваат времето. Како фриленсер, имаше можност да работи на разновидни проекти, од мрежни апликации до мулти-процесни системи и десктоп апликации. Во прилог на тоа, има значително искуство во областа на вештачката интелигенција (AI). Го сака предизвикот за надминување на границите на софтверскиот развој, постојано стремејќи кон перфекција во пишувањето код и посветеност на деталите.
Неговата широка експертитиза и длабоко разбирање на C++ и неговиот екосистем, му овозможуваат да се справи со комплексни проблеми со прецизност и ефикасност.
Јован Димитровски
Јован Димитровски е талентиран веб дизајнер кој веќе има оставено свој белег во дигитални медиуми преку успешна реализација на бројни проекти за етаблирани македонски компании. Неговата работа вклучува дизајнирање иновативни и функционални веб апликации кои ги задоволуваат потребите на модерните бизниси (онлајн претставување и е-продажба).
Освен со работа на проекти, Јован е активно вклучен во регионални иницијативи за размена на искуства, вмрежување и заедничка работа на иновативни проекти. Овој пристап му овозможува постојано усовршување и адаптација кон најновите трендови и технологии.
Со страст за креативност и внимание на детали, Јован е посветен на креирање решенија кои ги надминуваат очекувањата на клиентите.
Бојан Стојанов
Бојан Стојанов е млад и креативен графички дизајнер кој се истакнува со својата прецизност и уникатен пристап кон дизајнот. Активно е вклучен во создавање на промотивен материјал и графички елементи за веб-страници на нашите клиенти, при што секогаш се стреми да ги претвори идеите во визуелни решенија што оставаат силен впечаток.
Неговото портфолио опфаќа дизајн на логоа, флаери, печатени брошури, како и изработка на мокапи за веб-страници, секој проект носејќи индивидуален карактер и функционалност.
Со интуитивно чувство за естетика и страст за иновација, Бојан успешно го комбинира модерниот дизајн со потребите на клиентите, создавајќи материјали кои ја раскажуваат вистинската приказна на секој бренд.
Соња Димитровска
Соња Димитровска е стратешки ориентиран и креативен дигитален маркетер, специјализирана за менаџирање на социјални медиуми и градење ефективни дигитални кампањи. Со својата стручност и аналитички пристап, таа успешно ги претвора идеите во ангажирачки содржини што ја поттикнуваат интеракцијата и ја зголемуваат видливоста на брендовите.
Како акаунт менаџер, Соња е одговорна за координација со клиентите, обезбедување на висок квалитет на услугите и управување со сите административни задачи. Таа поседува извонредни комуникациски и организациски вештини, што ја прави клучен мост помеѓу нашите клиенти и креативниот тим.
Со професионален пристап и внимание на детали, Соња е посветена на испорака на мерливи резултати и одржување на долгогодишни партнерства.
Пријавете се за да добивате наши новости и препораки
Креираме вредност и реализираме заеднички цели повеќе од 26 години.
Во подготовка е и нашиот најнов проект „Клик Радио“
Прво и единствено, вистинско Интернет-радио во Македонија. Радио што ќе зрачи и ќе се емитува исклучително само на Интернет. На „Клик Радио“ ќе слушнете:
- Забава – информација – интерактивна комуникација
- Станица со 24-часовна информативно – едукативно – забавна програма
Програма втемелена на врвно пофесионално повеќедецениско новинарско радио-искуство (врвно водителство и творечко-новинарски ангажман), со секојдневно деноноќно „дежурство” пред микрофон (немерливо и во светски рамки). Практична реализација на стручно познавање на радиото на современата модерност.